vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Ова е листа на најдобрите работи што родителите можат да им ги подарат на своите деца:
Понекогаш е доволен само еден збор за поддршка, кажан во вистинскиот момент. Истиот може да му го промени животот на детето. Затоа треба да му покажувате на своето дете дека сте тука за него.
Можеби познавате родители кои тврдат дека нивните деца се престари за бакнежи? Знајте дека децата никогаш не се премногу стари да им покажете дека ги сакате со прегратка и бакнеж.
Заедничките оброци се идеална можност за семејно собирање.
Смејте се со своите деца. Секој ден. За нивна и своја корист.
Помогнете им на вашите деца да најдат нешто убаво во сè што гледаат и во сите работи што ги исполнуваат.
Деца се деца. Ова е причината зошто се толку многу забавни, но исто така и заморни. Нека експериментираат, истражуваат и нека прават грешки.
Стабилен дом е темелот врз кој децата го градат својот живот. Децата треба да го знаат своето место во семејството, на кого можат да веруваат и на кого можат да се потпрат.

Времето е подарок што никогаш не можете да го вратите. Затоа, размислете внимателно за тоа на кого ќе му го дадете вашето.
Научете ги вашите деца да прашуваат кој, што, каде, кога, како и зошто. Ниту еден родител не смее да рече: „Престани да поставуваш толку многу прашања“.
Децата треба да научат како да се однесуваат дома. Дисциплината не треба да се избегнува, само треба да биде конзистентна и позитивна.
Научете ги вашите деца да ги споделат своите работи со другите.

Децата кои ќе ја научат важноста на искреноста во детството подоцна стануваат чесни луѓе.
Најдобриот подарок што можете да го дадете и примите.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се разв...
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...