|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кои хигиенски навики треба да ги има детето?

Редакција Рингераја, 4.10.2019
Кои хигиенски навики детето од предшколска возраст треба да ги усвои и како да му помогнете во тоа, советува педагогот Јелена Холцер

image
/11


Миење на рацете

Децата често ги ставаат во уста рацете, или други предмети. Во периодот додека им растат запчиња и ги чешаат непцата, ова има одредена оправданост, но и тогаш треба да се инсистира на употреба на адекватна мека цуцла или глодалица (играчка предвидена за тоа).

Исто така, во рана возраст, ставањето на предмети во уста е начин на запознавање со светот кој ги опкружува, облик на експериментирање. Родителите се, меѓутоа, склони да го толерираат ваквото однесување на децата и кога тие ќе излезат од оваа развојна фаза. Штом ќе забележите дека вашето дете ги става рацете во уста, прашајте го зошто го прави тоа, опоменете го, свртете му го вниманието на нешто друго. Немојте да дозволите оваа лоша навика дополнително да се зацврстува, заради вашето одобрување. Миењето на рацете е една од првите хигиенски навики кое детето треба да ги усвои самостојно. Секако, најпрво ќе ги мие рацете со ваша помош, а веќе од третата година поттикнувајте го да го прави тоа самостојно. Одредете задолжително миење на рацете, односно конкретни ситуации кога тоа не може да се избегне. Тоа се: пред јадење, после одење во WC, после играње надвор, веднаш по доаѓање дома, после допири со животни...

Ваша обврска е по воспоставувањето на овие навики да бидете упорни и доследни. На пример, ако сте вовеле правило за миење на рацете по употреба на тоалет, не дозволувајте детето да излезе од купатилото без да ги измие рацете, под изговор: “Подоцна ќе ги измијам, ќе ми завршат цртаните, само да се напијам малку сок...”

 

Миење на забите

Негата на усната празнина кај детето се спроведува веднаш по раѓањето. Кога ќе израснат првите млечни заби, време е за миење со чиста вода и четка прилагодена за оваа возраст. Со почетокот на третата година од животот, се почнува со употреба на паста за заби. Стручњаците препорачуваат паста за заби без флуор, бидејќи децата на таа возраст не успеваат да ја исплукаат пастата, туку ја голтаат. Помеѓу петтата и седмата година, може да се почне со користење на паста со флуор, под надзор на родител.

Личниот родителски пример и овде е многу важен. Така, доколку ги миете забите заедно, користејќи притоа шарени четки, мирисни пасти, сат за мерење на должињата на миењето...оваа активност им станува на децата драга и интересна. Со самото тоа, побрзо е да се усвои како составен дел на својот ден. До осмата година, детето би требало да совлада правилна техника на миење заби и самостојно да ја одржува оралната хигиена. Најдобрата здравствена превентива на чување на здравјето е адекватна орална хигиена и редовна посета на стоматолог.

 

Бањање

Кога формирате навика на бањање на детето, дури после поаѓањето во училиште бањањето може да биде самостојно. Се до тогаш, со оглед на тоа дека бањате дете, навиката се состои во тоа да детето ја прифати оваа активност како нешто сосема вообичаено и редовно. Доколку припаѓате во големата група на родители кои своите деца мораат да ги наговараат на капење, избегнувајте да користите зборови кои оваа активност ќе му ја направат уште поодбивна. Така, не му велете на детето дека капењето е важно бидејќи се извалкало, туку дека се работи за секојдневна хигиена и дека тоа е единствен начин за да се зачува здравјето.

 

1

 

Средување на собата

Веќе во предучилишна возраст, доколку детето има своја соба, обидете се да го мотивирате самостојно да ја средува. Прво научете го да ги подредува своите играчки, а потоа кога ќе стане ученик и да ја суредува својата облека. Кога играчките и облеката се на место, собата делува уредно. Сепак со возраста се менуваат и навиките на одржување на основна хигиена во собата.

Околу десеттата година, детската соба може да се претвори во џунгла полна со отпадоци од храна, расфрлани работи, тетратки, чевли. Овие нови промени се предизвикани од тоа што детето влегло во пубертет. Оставете го детето да се чувствува удобно, бидејќи она што за вас е хаос, за нив може да претставува ред. За време на пубертетот, нивната соба е симбол на простор за слобода и нивен личен, приватен свет.

Сe е добро додека имаш мајка...
Најмногу ги сакам оние ладни, зимски утра, кога се будам и знам дека не морам да одам никаде, па го кревам носот од под ...
15
Тодор Гечевски: Се радувам на секој збор н...
За еден родител најтешко е ако не може да му помогне на своето дете, вели ко­шар­кар­ска­та ѕвезда Тодор Гечевски, кој в...
6
10 причини зошто не сакам второ дете
Да се биде родител можеби е најубавото нешто, но оваа улога доаѓа со голем број предизвици
6
Губење на здивот (зајдување) кај децата
Губење на здивот е кога детето ќе остане без здив се додека ја изгуби свеста. Се случува кај едно од 20 деца
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

/
AnMari

Koj pampers e najdobar?

Pampers (20%)

Baby Star (0%)

Can Bebe (0%)

Nanny's (0%)

Puffies (20%)

Drugi (60%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!