Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Пријателите и семејството исто така ќе ви постават прашања како што се, „Дали знаете што е?“ или „Кога ќе дознаете полот?“.
Ова воопшто не е чудно, бидејќи оваа информација ви дава можност да се поврзете со бебето уште пред да се роди. Вие и вашиот партнер ќе излезете со имиња, ќе му се обратите додека е сè уште во утробата, ќе купите работи за момче или девојче…
Идните родители секогаш се малку нетрпеливи, затоа прашањето кога најрано може да се открие полот на детето, е исто така честа појава.
Постојат неколку начини на кои можете да го откриете полот на вашето бебе.
Кога може да се утврди полот на детето со ултразвук?
Многу бремени жени го откриваат полот на бебето за време на ултразвучен преглед, што обично се прави помеѓу 16-та и 20-та недела. Меѓутоа, ако гинекологот не може јасно да ги види гениталиите, може и да не го дознаете полот во овој период.
Иако пенисот или вагината на бебето почнува да се формира уште во 6-та недела, момчето и девојчето изгледаат многу слични на ултразвукот до 14-та недела, и тешко е да се забележи разликата неколку недели после тоа. До 18-та недела, вашиот лекар веројатно ќе може да го идентификува полот, ако вашето бебе е во позиција што дозволува да се видат гениталиите. Меѓутоа, ако тоа не е изводливо, веројатно ќе го откриете полот на следниот ултразвук.
Кога може да се утврди полот на детето со неинванзивен пренатален тест?
Полот на бебето може да се открие и преку неинвазивно пренатално тестирање (НИПТ). Тоа е понов метод кој овозможува откривање на полот многу порано отколку што е можно со ултразвучен преглед.
Овие се генетски тестови од крвта кои го одредуваат потенцијалното присуство на Даунов синдром и други нарушувања на хромозомите со голема сигурност. Покрај тоа, овие тестови го одредуваат полот на детето врз основа на ДНК фрагменти кои потекнуваат од плацентата што лебдат слободно во крвта на мајката.
Овие тестови можат да се направат уште во 10-та недела од бременоста и се скоро 100% сигурни.
Кога може да се утврди полот на детето со инванзивни методи?
CVS и амниоцентезата се анализи кои првенствено се прават за да се утврдат потенцијалните генетски нарушувања. CVS обично се прави помеѓу 10 и 13 недела, а амниоцентеза помеѓу 16 и 20 недела.
Покрај нивната примарна цел, овие тестови можат да го откријат и полот на бебето. Жените кои не се изложени на зголемен ризик од генетски нарушувања или некои други проблеми, генерално не ги прават овие анализи, пред се затоа што тестовите се инвазивни и со себе носат ризик од абортус 1%.
Зошто сакаме да го знаеме полот на детето?
Знаете дека има луѓе кои не сакаат да го знаат полот на бебето до раѓањето, но тие се во малцинство. Претежно родителите се многу љубопитни и со нетрпение ја очекуваат веста дали очекуваат ќерка или син.
Во многу ретки случаи, полот на детето може да биде важен од медицински причини заради генетски заболувања кои се поврзани со машки или женски пол.
Не очајувајте ако не го откриете полот на бебето кога очекувате. Можеби малечкото малку ве задева со тоа што не сакате да се сврти на прегледот.
Трпеливо почекајте додека дојде тој момент и до тогаш купете само работи во неутрални тонови и испланирајте име за двата пола.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?