Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: Ki4iko
Датум на породување: 25.01.2015 година
Тип на породување: природно
Болница: Градска Oпшта болница-Прилеп
Неколку денови до крајниот термин чувствував блага болка во долниот дел од стомакот и внатре ниско, па морав секојдневно да одам на ЦТГ преглед. Се' беше нормално и последните денови пред породување ги поминав 2 сантиметри отворена. Го чекавме само моментот кога бебето ќе не израдува.
Болките во долниот дел од стомакот веќе стануваа чести и едно неделно попладне 3 дена пред терминот, се зачестија на 10 минути. На лекар утврдија дека е рано и дека телото се спрема, но згрешија. После упатувањето дома, по некој час болките станаа почести, но не беа јаки воопшто. Не мислев да одам на лекар повторно, особено откако пред само неколку часа ме вратија од родилиштето,заради тоа што немав силни болки. Седејќи со моето семејство таа вечер забележавме дека болките станаа интензивни и дека се повторуваат на секоја минута. Тоа беше знак веднаш да се упатам на родилиште.
Најбрзо што можев се подготвив. На болница стигнав во 23:20 таа вечер, девет сантиметри отворена. Немаше време ни за припрема пред породување. Само седнав на боксот и турнав со сета сила на огромните напони, кои се појавија одеднаш. И тоа беше тоа, бебешкото плачење ме потсетуваше дека тоа не е сон, дека е вистинско, најбрзото породување за кое јас сум слушнала, само го слушав гласот на бабицата, која како да се радуваше, викајќи дека сум имала среќа што сум стигнала на време, бидејќи ако сум почекала уште малку, ќе сум се породела дома. И навистина, се породив во 23:55, само пола час одкако стигнав на родилиште и час иполовина од слабите болки.
Ете тоа е тоа, децата даваат смисол на живеењето и го прават магичен и никогаш немаше да верувам дека некој може без болки да се породи, немаше да поверувам,а да не бев јас таа.
Се роди Јана, замотана 2 пати со папочна врвца, силна во плачот, знаев дека се ќе биде во ред.... Дома си појдовме по 3 дена. Неописливо е чувството за тоа како е да станеш мајка и тоа по втор пат.
Рингераја и посакува среќно детство на Јана!
Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни
забава Бремените
Автор: bobik
Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Отворената комуникација меѓу партнерите е основа за длабока интимност ...
Во денешно време се повеќе гледаме фотографии од „идеални“ фамилии сек...
Детската игра – повеќе од забава. Зошто е важна?
Кога ќе ги видиме како трчаат, скокаат, цртаат, измислуваат светови, м...
Што значат соништата за време на бременоста?
Бременоста носи многу промени: телесни, емоционални, хормонални. Но ед...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: