|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Какви опасности кријат детските игралишта?

Редакција Рингераја, 4.6.2013
Топлото време ги наполни парковите и детските игралишта. И додека децата весело си играат на направите, родителите безгрижно разговараат на клупите, фаќајќи ги првите сончеви зраци. Наизглед – вистинска идила. Но дали е баш така?

image
/11


 

 

Повеќето игралишта во нашата земја сокриваат безброј опасности. Стари нишалки, тобогани полни со дупки, песочници полни со стакло и животински измет,  повеќе се опасно отколку безбедно место за детска игра. Дури и наизглед исправните игралишта, кријат безброј можности за повреда. Тоа го потврдуваат статистичките податоци, според кои секоја година помош заради повреда бараат околу  четиристотини деца на возраст од седум години.  А бројот на деца кои ќе отидат кај својот матичен педијатар, или вопшто нема да побараат помош од  доктор, не се знае.

 

Како да изберете сигурно детско игралиште?

Повеќето родители не знаат дека детските игралишта на јавното градско подрачје мораат да исполнуват одредени сигурносни мерки, според светските стандарди и норми. Според нив, родителите во секој момент мораат да имаат надзор над  детето кое се наоѓа на направата за играње, или  кое ползи во местото одредено за тоа. Сите направи на кои децата  си играат мораат да бидат исправни и направени од цврст материјал, со заштита, за да се спречат повреди кај децата. Местата со направите треба да бидат поделени според возраста на децата и не смее да се случи на исто место да си играат тригодишни и десетгодишни деца. Заштитната подлога на игралиштата мора да биде флексибилна, не штетна за здравјето и околината, а сите бетонски носачи и столбови да бидат обложени.

На видливо место мора да бидат истакнати правилата на однесување на игралиштето, како и на секоја направа за играње, а за децата кои само гледаат мора да биде означена зона на опасност, односно безбедност.

ВНИМАНИЕ!

Ако Ова Ви се чини претерано, Ве потсетуваме дека многу повреди на игралиштата се случуваат кога детето во трчање ќе излета пред вртелешка или нишалка.

 

(НЕ) сигурен тобоган

Според зачестеноста, најопасни направи на детските игралишта се тобоганите. Паѓањето често е од врвот, кога децата се спуштаат главечки надолу, а чести се и повредите заради дупките во тобоганите.

Како изгледа сигурен тобоган? Најголемиот дел од тобоганите се излиени во еден дел, а од двете страни имаат ѕидови кои ги штитат децата од излетување. Скалите ги штити еластична пластична или гумена облога, со цел да се заштитат колената, главата, рацете и нозете од повреда. На местото од каде децата се спуштаат потребно е да биде поставена заштита која ќе осигура дека децата ќе се спуштаат само во седечка состојба. Гумената подлога на дното дава сигурност од повреда при доскок на детето. Тобоганот треба да биде премачкан со еколошки бои, отпорни на временски услови.

ВНИМАНИЕ!

Пред Вашето дете да почне да се спушта по тобоган, проверете во каква состојба е и колку е прилагоден на возраста на Вашето дете. Некои тобогани се превисоки и пребрзи за малите деца.

 

Песочниците се посебна приказна

Едно истражување на ветеринарниот факултет, спроведено во 10 градски паркови, покажало дека повеќето песочни површини во парковите се полни со кучешки глисти, кои се опасни за човековото здравје. Станува збор за бактерии кои можат да предизвикаат бронхитис, епилепсија, па дури и слепило. Хигиената би можела да се подобри само ако навечер овие површини се покриваат.  Вака, најчесто се преполни со кучешки измет, стакло, отпушоци, па дури и фрлени шприцеви и игли.

ВНИМАНИЕ!

По играта во песочник задолжително измијте ги рацете на детето. Особено добро исчистете ги ноктите бидејќи таму може да се насобере нечистотија.

 

Зошто се важни детските игралишта во развојот на децата?

Детските игралишта треба да им овозможат на децата што повеќе можности за телесен и ментален развој, да ги научат да воспоставуваат социјални контакти и да им овозможат колективна и самостојна игра. Направите треба да  ги развиваат координациските способности, мускулатурата на горниот и долниот дел од телото и чувството на рамнотежа. Притоа, сите детски игралишта би требало да бидат достапни и сигурни за децата со посебни потреби.

ВНИМАНИЕ!

Проверете ја безбедноста на секоја направа на игралиштето, пред Вашето дете да се препушти на безгрижна игра. Освен исправноста, важно е да проверите дали направата одговара на возраста на Вашето дете. Ако не сте сигурни, прашајте ги другигите родители. Исто така, споделете го Вашето искуство со другите.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Совети за среќен живот
Еве некои совети како да им помогнете на своите деца да живеат посреќно во денешниот свет, исполнет со брзање, напнатост...
4
Девојчињата прерано на штикли
Многу од производителите на чевли во својата понуда денес имаат и штикли за деца. Лекарите предупредуваат дека носењето ...
4
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Научете го синот да биде џентлмен
Вашиот син – културен и воспитан дечко со кој се гордеете. Еве неколку совети за родителите на момчиња
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?