Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Децата, исто како и сите, најчесто се разболуваат поради дејството на двата „главни“ микроби – бактерии и вируси. Проблемот е што овие микроби, предизвикуваат болести со многу слични симптоми.
Бактериите се насекаде околу нас. Тие се едноклеточни организми кои обично не се штетни, а можат да бидат и навистина корисни.
Некои бактерии, пак, се штетни за нас и кога почнуваат да се размножуваат во човечкото тело, предизвикуваат разни болести.
Вирусите, од друга страна, не се живи. Тие растат и се размножуваат само кога напаѓаат живи организми.
Обично, детскиот имунитет се справува со вирусите пред тие да предизвикаат некоја болест.
Но некои вируси, како обичната настинка, не можат да се сопрат. Тие си имаат свое траење, а антибиотиците не делуваат врз нив.
Сепак, европското истражување за користење антибиотици покажува дека 80% од сите антибиотици, се препишуваат за лекување инфекции на горните дишни патишта.
Проблемот е што е познато дека 85% од овие инфекции, се предизвикани од вируси, а не бактерии.
Кога лекарите не се сигурни дали станува збор за вирусна или бактериска инфекција, тие препишуваат антибиотици. Ова е додека не ги добиваат резултатите од анализата на крв.
Понекогаш се случува и пациентите самите да бараат рецепт за антибиотик. Земањето антибиотици на своја рака, веднаш штом ќе се покачи телесната температура, е исто честа појава.
Едно тригодишно истражување покажало дека дури 50% од препишувањето антибиотици не е засновано на докази. Односно, не се направени потребните анализи кои ќе покажат дека станува збор за бактериска инфекција.
За детето да се заштити од болести, органите и клетките делуваат заедно. Белите крвни зрнcа, познати и како леукоцити, имаат важна улога во имунитетот.
Едно истражување од 2017-та година, покажало дека прекумерната и неправилната употреба на антибиотици може дури и да го ослаби имунитетот.
Истовремено, некои бели крвни зрнца, кога се под дејство на антибиотици, не можат да ја искористат нивната „одбрана“.
Вирусните инфекции, како настинка и грип, се лекуваат со мирување, пиење многу течности и останување во домот. На овој начин, имунитетот сaм ќе се избори со вирусот.
Препорака на педијатрите е родителите да престанат да се обидуваат да ја спуштат температурата на детето по секоја цена. Причината е што покачената телесна температура, е всушност показател дека имунитетот се бори против вирусот.
Односно, кога детето има температура, целиот организам е активен и се обидува да се ослободи од вирусот.
Лекарите во Европа советуваат дека температурата не треба да се спушти сè додека не достигне 38,5 степени Целзиусови. Во Велика Британија, оваа граница е 39 степени.
Температурата не треба да се спушта ни со антибиотици.
Ако сепак сте загрижени, немојте самите да му давате лекови на детето, туку консултирајте се со педијатар.
9
6
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Тајната на послушните деца не е во казните
Многу родители се прашуваат како да ги воспитуваат децата така што тие...
Улогата на семејството во воспитувањето на децата
Семејството е првата и најважна средина во која детето учи како да го ...
Како да го разбереме тинејџерот? Мост наместо ѕид
Тинејџерските години се дел од животот на секој поединец и не се само ...
Улогата на нежната масажа кај бебињата
Нежната масажа кај бебињата е повеќе од пријатен момент за вашето бебе...
Мирисот на бебе, меморија што никогаш не бледее
Постојат спомени што ги носиме како слики, други како зборови, а некои...
Дете.
пеперутка16
Дали некогаш ви се случило возрасен, близок или не, да го удри вашето дете во ваше присуство и како реагиравте?