|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како изгледа типичен ден на 4-годишно дете?

Редакција Рингераја, 30.9.2016
Добро сокриена логика која се одвива во главата на едно 4-годишно дете. Вака за нив изгледа еден типичен ден

image
/11


 

Понекогаш ви се чини деа воопшто не го разбирате вашето дете? Ова е неговата логика:

4.30 Хм, наполу сум разбуден. Сега би ми било поудобно во креветот на мама и тато. Би можел да легнам меѓу нив и да продолжам да спијам, но дури откако потполно ќе ги разбудам.

4.35 О, не! Си го оставив омиленото ќебенце во креветот. Ако доволно гласно се расплачам, мама сигурно ќе стане и ќе го земе. Навистина не ми се станува од кревет.

7.00 Мамо, само немој да ми кажеш дека и денес морам да одам во градинка. О не! Мама го изговори тоа. Знам дека ќе плачам. Освен ако Марко не ја донесе новата играчка. Тогаш ќе биде интересно, ќе заборавам дури и да ја поздравам мама. Едвај чекам да појдам, побрзај мамо!

7.05 Повторно се предомислив, не сакам во градинка.

7.30 Мама ме тера да појадувам. Не разбирам зошто секое утро мора да поминуваме низ тоа, кога знае дека ќе ја одбијам.

7.40 Мама го пушта омилениот цртан филм. Како сам,о ми ги чита мислите. Чекај малку, па јас го изедов цел појадок несвесно!

8.00 Како ја сакам оваа сцена. Морам да и кажам на мама да ја премота уште еднаш. Под еднаш мислам дваесет пати.

8.30 Обожавам да трчам гол низ станот.

8.40 Мама веќе дваесет пати ме замоли да се облечам. Тоа е толку забавна игра. Знаете што е најдобро? Додека ми ја облекува блузата, успевам да ги соблечам чорапите. Додека повторно ми ги облекува чорапите, успевам да ја извалкам блузата. Предобра игра, секој би требало да ја научи.

8.45 Чекај, зошто мама се обидува да ме облече? Сериозно ја сфатила оваа игра. Реков дека не сакам да одам во градинка. Или сакам? Што реков?

9.00 Јас сакав да ја отворам вратата. Зошто ја отвори мама? Плачам.

9.30 Морам да ги потсетам децата в градинка дека јас сум главен. Зошто никој не ме доживува така?

9.45 Плачам и осамен сум. Градинката е најлошо место на светот.

10.00 Ја обожавам градинката!

10.05 Ја мразам градинката!

11.00 Сега е доста, сакам да одам дома!

12.00 Овде е толку забавно, би можел да живеам овде.

12.30 Ручеееееееееееек! Мислам дека денеска ќе изедам три залаци.

13.00 Не сакам да спијам. Ниту да лежам. Ниту да бидам мирен додека другите спијаат. Сакам да си играм!

15.00 Сакам да дојде мама. О, колачи? Баш ги сакам!

15.30 Сакам да дојде мамааааааааааааааа! Плачам.

16.00 Еве ја мама. Кај најде да дојде сега, само што започнав нова игра. Мора да почека да завршам.

16.15 Зошто мама постојано ме прашува дали ми се мочка? Па не сум мало бебе. Не морам!

16.16 Оооооо морам да мочкам. Итно!

16.20 Мама се согласи дома да ја играме омилената игра. Ова ќе биде супер ден.

17.00 Мама повеќе не сака да си игра. Како може да и се здосади по само една минута?

17.05 мама го пушти телевизорот, едвај чекам цртани. Чекај, зошто го гледа тој човек кој зборува? Зошто не сменува канал? Зошто не реагира на моето урлање и плачење? Ух добро е! Ова беше најтешката минута во мојот живот.

17.06 Цртанииииииииииииииииииии!

17.10 Зошто е мама толку фрустрирана? Одбив само 15 предлози за ручек кои ги понуди. Ќе пронајдеме некој компромис. Се надевам дека тоа ќе биде пудинг.

17.30 Каснав едно залаче сендвич. Се прејадов!

20.00 Не сакам да спијам во пижами. Ги сакам овие панталони, сакам да спијам во нив.

20.30 Мамооо, го сакам сендвичот.

21.00. Не можам да спијам, не сум уморен. Никогаш нем ада заспијам.

21.01 ЗЗззззззззз.....

4.30 Во креветот на мама и тато сега би ми било поудобно.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нашите деца растат во “all inclusive” аран...
За некоја година, кога нашите деца ќе бидат постари, ќе се жалат дека премногу сме ги сакале, дека не сме ги научиле как...
4
Мамин син?!
Овие мајки несвесно се плашат дека ќе станат непотребни и бескорисни, без никаква смисла за животот, кога син им ќе пора...
4
Необични знаци дека имате надарено дете
Тие се разликуваат од останатите деца во тоа дека од рана возраст пројавуваат интерес кон науката, уметноста, покажуваат...
4
Искрено: Што помислив кога го видов бебето?
Што помисливте кога првпат го видовте вашиот син/ќерка? Дали на тоа слатко се смеете денес?
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?