Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Предвременото породување носи краткорочни и долгорочни компликации кај децата.
Компликациите од предвремено породување се водечка причина за смрт на деца на возраст под 5 години.
Како да се спречи предвременото раѓање
Современите медицински достигнувања драстично ги подобрија стапките на преживување кај предвремено родените бебиња.
Со ефективен третман, се проценува дека предвременото породување може да се намали за 75%.
Неодамна објавена студија откри дека бремените жени кои го зголемиле внесот на омега-3 масни киселини, имаат многу поголеми шанси да го спречат предвременото породување.
Омега-3 масните киселини ја намалуваат стапката на предвремено породување
Предвремено родените новороденчиња често поминуваат недели, ако не и месеци, во единиците за интензивна нега и таму се изложени на ризик за долгорочни компликации како што се:
- Состојби на белите дробови, како што се астма или белодробни заболувања
- Проблеми со растот и развојот
- Моторни и когнитивни попречности
- Инфекции
- Проблеми со видот
- Губење на слух
Постојат значителни трошоци за здравствениот систем и за родителите кои се грижат за овие новороденчиња.
Многу предвремено родени бебиња бараат постојана медицинска нега и специјализирани терапии долго откако ќе го напуштат центарот за интензивна нега.
Предмалку споменатата студија ја водеше тим на истражувачи од институтот за здравствено-медицински истражувања лоциран во Јужна Австралија.
Тие составија 70 рандомизирани испитувања, во кои беа вклучени скоро 20.000 жени. Откриле дека зголемувањето на внесот на омега-3 за време на бременоста го намалува ризикот од предвремено породување.
Според студијата примањето суплементи на омега-3 масните киселини:
- Го намалува ризикот на предвремено породување пред 37-ма недела за 11%. Од 134 предвремено родени бебиња на 1.000 раѓања, намалено на 119 од 1.000.
- Го намалува ризикот на предвремено породување пред 34-та недела за 42%, или од 46 предвремено родени бебиња на 1.000 раѓања, намалено на 27 од 1.000.
Што се омега-3 масните киселини?
Омега-3 се компоненти на мембраните што ги опкружуваат клетките. Тие исто така обезбедуваат енергија и влијаат на функцијата на срцето, крвните садови и многу повеќе.
Омега-3 масните киселини се наоѓаат во риби, ленено семе, некои растителни масла и одредени додатоци.
Дали конзумирањето на риба е поефективно од конзумирање суплементи?
Студијата врз која е базирано ова истражување, препорачува конзумирање на додатоци во исхраната, како главен извор на омега-3, наместо целосна промена на диетата.
Потребната количина на омега-3 е многу тешко да се достигне исклучиво преку природна исхрана и диета.
Истражувачите порачуваат – “За да ја добиете потребната количина на омега-3, ќе треба секоја недела барем по 3 пати да јадете порција лосос од 150г”.
Дали сум во опасност од предвремено породување?
Постојат неколку фактори на ризик за предвремено породување, но, во поголемиот дел случаи причината не е позната.
Издвојуваме неколку работи кои може да ви наговестат предвремено породување:
- Претходна историја на предвремено породување
- Телесна тежина која се смета за превисока или премала
- Инфекции на репродуктивниот тракт за време на бременоста
- Пушење, конзумирање алкохол или употреба на дрога за време на бременоста
- Бебе кое има вродени дефекти
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Прашање.
пеперутка16
Дали некој од вас чува крави? Ако е така, што правите со млекото? Не се шалам, сериозно прашувам, не знам што да правам со млекото?