Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Во еден идеален свет би било можно подеднакво добро да го поминувате времето со семејството и истовремено со тоа да сте совршени во работата и во социјалниот живот. Би можеле да го комбинирате бизнисот со задоволството, да им помагате на децата во учењето, да обрнувате доволно внимание на својот сопруг, но сето тоа понекогаш се чини невозможно.
Па, колку и да сакаме да сме совршени во секој поглед, тоа често е невозможна мисија.
Децата најмногу страдаат од секојдневието на вработените родители. Кај некои деца настапуваат потешкотии со учењето на лекциите и пишување на домашни. Во овие моменти родителот треба да интервенира, колку и да е тешко во многу случаи.
Како да му помогнете на вашето дете да ги научи лекциите и да напише домашна задача, без да го правите тоа целосно наместо него?
Воспоставување на рутина
Децата, особено додека се мали, тешко ја разбираат важноста на учењето, одењето на училиште и пишувањето на домашни. Повеќето од нив го гледаат ова како тежок товар, кој не им дава ништо суштинско, освен дека им го одзема времето за игра.
Затоа задача на родителите е да воспостават ред и да го натераат детето да се фокусира на овие непријатни задачи, за да му остане доволно слободно време и за забава.
Рутината е една од најважните нешта кои родителот треба да ги воспостави. Направете распоред за сите обврски, но не оставајте го пишувањето на домашни за подоцна вечерта. Тогаш детето станува не работоспособно, а има потреба и од одмор пред следниот тежок ден во училиште.
Отстранете ги елементите кои му го одземаат вниманието
Поставете правила - кога се учи, тоа се прави квалитетно. Во утврденото време за учење не треба до детето да има паметни телефони, лаптопи и уреди за игра, кои ќе го одвлекуваат неговото внимание.
Создадете простор за учење
Некои места во домот се многу попријатни за учење од други места. Спалната соба на детето е една од најлошите варијанти. Таму е сè што предизвикува одвлекување на вниманието. А и од психолошка гледна точка не е добро да се спие и да се учи во една просторија.
Една студија покажа дека масата во кујната или во трпезаријата се двете најпогодни локации за пишување на домашни. Важно е во овој момент регионот да е тивок, за да може детето да се фокусира.
Бидете негов асистент
Не го терајте детето задолжително само да ги пронајдува и поправа грешките. Важно е да се научи да се справува со предизвиците, вклучувајќи ги и најтешките лекции, но не го оставајте потполно само да се мачи. Помагајте, одговарајте на прашања, нудете помош и мислење.
Бидете строги
Повеќето деца ќе направат се што е можно за да го избегнат здодевниот дел на пишувањето домашна и да одат да си играат. Бидете строги и не попуштајте. Натерајте го детето да ја сфати важноста на учењето, без разлика колку пати ќе треба да го повторите.
На секое дете му треба цврста рака, додека се навикне на рутината и да го разбере значењето на упорноста во учењето.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Make a step: Линија за проодување
Daumling знае дека детските стапала не се само мали верзии на стапалат...
Избор на вистинските чевли за првите чекори
Првите детски обувки се многу важни за правилниот развој на стапалата ...
Daumling детски чевли со Terra-Care кожа
Германскиот специјалист за производство на детски чевли Daumling отсек...
Пелени - основни работи за секој родител
Изборот на вистинската пелена и разбирањето како да ги користите и да ...
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
Симптоми на породување.
пеперутка16
Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?