vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Купувајте играчки кои се соодветни за возраста на детето! Многу едноставни играчки брзо ќе му здодеат на детето, а оние кои многу бараат ќе му ја намалат самодовербата. На детето во текот на својот развој му се потребни различни играчки кои го интересираат и затоа мораме да ги бираме земајќи ја во предвид неговата возраст.
Возраст: До првата година
Бебето го истражува светот низ следење и движење. Играчките ги става во уста, запознава бои, материјали, звуци, како и различни форми. Соодветни играчки: меки играчки, играчки кои се вртат, оние кои може да се гризат, ѕвончиња, играчки за вода, топки, сложувалки од неколку делови, играчки кои детето ги турка или влече, автомобили, книги од материјали кои лесно се перат...
Возраст: Од 1-3 години
Детето е многу поподвижно, сака да ги имитира активностите на возрасните, создава - гради, составува, обликува различни материјали. Соодветни играчки: играчки кои се сложуваат една на друга, играчки кои ги турка или влече, автомобили, големи коцки, музички играчки, книги, кукли, детски алат, мини кујни и слично.
Возраст: Од 3-4 години
Детето интензивно ја истражува својата околина, ги испробува своите физички можности, во игра ги имитира луѓето и предметите, создава - сака да составува и да обликува од ситни делови и материјали. Соодветни играчки: бои и боички, магнетна табла, книги, сложувалки, играчки за составување, коцки, автомобили, спортски играчки, трицикл, коњ за лулање, автомобил кој го вози детето, различни костими, детски алат, мини кујни и слично.
Возраст: Од 4-6 години
Детето го интересира многу, испробува како работат одредени работи, сака да соработува со други деца во друштвени игри, игри со улоги, сака да гради, обликува, црта, ги испробува своите физички можности. Соодветни играчки: едноставни друштвени игри, сложувалки, коцки, автомобили, кукли, костими, пластелин, книги, боички, детски музички инструменти, двоглед, детски ножички за хартија, спортски играчки, детски велосипед.
Возраст: На 6 години
Го привлекуваат и посложени активности и игри, го интересира цртање, пишување, сметање, сака да ги имитира возрасните, го интересираат истражувачки, измислени игри. Соодветни играчки: друштвени игри и игри кои се играат надвор, конструкција на играчките, посложени сложувалки, кукли, едноставни помагала за рачна работа, играчки кои претставуваат вистински предмети, едноставен фотоапарат, електрични возови, книги, музички интрументи.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Тајните на нашиот код. Што се ДНК, хромозоми и гени?
Дали некогаш сте се запрашале како бебето ги наследува бојата на очите...
Дали често се лутите и навредувате?
Лутината е природна емоција што сите ја чувствуваме. Но, кога често се...
Колку се чести уринарните инфекции кај децата?
Уринарните инфекции се меѓу почестите бактериски инфекции во детската ...
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...