Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Пасивното пушење е во, научно докажана, корелација со голем број на болести: рак, астма и срцеви болести и му нанесува голема штета на детските бели дробови и на имуниот систем во развој. Со оглед на статистиката, колку помалку ги изложувате вашите деца на чад од цигари, толку подобро.
Чекори кои треба да ги преземете:
Стоп за пушењето
Ако вие, или неко од вашето семејство пуши, најефикасен начин да ги заштитите децата е да престанете со пушење, или да ги убедите пушачите да престанат. Таа навика тешко се искоренува, но погледнете ги само придобивките кои ќе ги добиете со тоа:
- Поздрави деца, помалку респираторни болести и помали сметки за лекарства (за вас и за нив)
- Чиста домашна средина, без потреба за белење на ѕидовите и отстранување на мирисот од цигари.
- Почисти и поздрави заби и непца.
- Почист тапацир, завеси и огледала.
- Без трошоци за цигари.
- Без опасност од запалување и изгореници.
Пушете на отворено
Направете правило никој да не смее да пуши внатре во домот, дури и во најстудената зима. Чадот во затворена просторија содржи поголем процент канцерогени хемикалии и респираторни надразнувачи. Хемиските честички исто така остануваат на мебелот, завесите и ѕидовите и продолжуваат да емитуваат штетни хемикалии долго време откако цигарата е изгасната. Тука ќе го споменеме и застоениот мирис на чад од тутун. Ако веќе не можете да се откажете од пушењето, тогаш најдобар избор за вашето семејство е да пушите на отворено.
Никогаш не пушете во автомобил
Нкогаш не е во ред да се пуши во автомобил, дури и тогаш кога децата не се со вас, бидејќи остатоците од штетните хемикалии и миризбата се налепуваат на седиштата. Тоа што ќе ги отворите прозорците може да помогне, но исто така струењето на воздухот може да го однесе чадот директно во лицето на вашето дете.
Замолете ги гостите да запалите цигара надвор
Тоа е ваш дом и имате право на чиста животна средина. Бидете љубезни но и цврсти во ставот дека заради децата пушењето во домот е забрането.
Чувајте ги децата подалеку од јавните места каде е дозволено пушење
Имајте во предвид дека и покрај забраната за пушење на јавни места, сепак има места каде пушењето е дозволено. Чувајте ги вашите деца од маса на пушачи на затворено место.
Замолете ја бебиситерката да не пуши
Ова може да биде тешко, особено ако бабите и дедовците кои пушат, треба да ви го чуваат детето. Морате да останете цврсто на својот став, заради доброто на вашите деца.
забава Бремените
Автор: bobik
Среќата живее во она што го имаш
Во секојдневието често трчаме по она што ни недостига, по следниот усп...
Што е страв од непознати лица кај бебињата?
Одеднаш твоето насмеано бебе почнува да плаче кога ќе му се доближи не...
Што се смета за нормален срцев ритам на фетусот?
Срцето на вашето бебе започнува да чука рано во бременоста и неговиот ...
Што е „трудничка магла“ и дали навистина постои?
Дали некогаш си влегла во соба и заборавила зошто си таму? Или си го о...
Педикирот не е само естетска навика, туку и важен дел од хигиената и з...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?