|      

Итар Пејо, попот и алвата

Автор: Детско катче | 5.9.2010
image

Македонски народни приказни

Служел Пејо кај некој си поп. Попот, како поп, често си правел алва. Арно ама, еден ден направил повеќе отколку што можеле да изедат со Пејо, па скоро половина им останала. За да не ја изеде Пејо останатата алва сам кога ќе излезе попот некаде по работа, овој намислил да го заплаши Пејо со нешто и му рекол:
- Слушај, момочко. Јас во алвата турив отров. Да не те лаже умот да каснеш без мене, затоа што ќе се отруеш.
Го викнале попот в црква да крсти, на гробишта да пее, да закопува некого, а Пејо останал сам дома и намислил да ја изеде сам алвата, сигурен дека никаков отров не турил попот во неа. А, за да може да се оправда пред попот и тој смислил една шега.
Како што цепеше дрва во дворот, стана ја скрши намерно дршката на секирата, отиде, ја изеде сета алва, и продолжи да цепи дрва со скршена дршка.
Кога се прибра попот и виде дека алвата ја изел Пејо, почна да се кара и да го пцуе, а Пејо почна да му се правда:
- Ја скршив, - вели, - дршката од секирата, и плашејќи се да не ме караш и биеш, решив да се отрујам, па затоа ја изедов алвата.
Попот се насмевна, иако не му беше за смеење, и му прости на Пејо и за двете штети што му ги направи тој ден.

 

Адаптирал: Синадиноска Барбара

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



  • Снек бар од јатки

    Сиров,лесно калоричен десерт кој заситува доста.Идеален е за ужина на работа или училиште а може да го понесете и на пат. Децата пак,нема да можат да му одолеат

    Повеќе

Анкета

*Машко име*
Хепи мами

Ве молам да гласате за најубаво машко име според вас. Благодарам!

На врв на страницата

Запознај ја Рингераја.мк