vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Хали Бери на својот профил на Инстаграм објави фотографија во црно бикини која за еден ден доби повеќе од 41 илјада лајкови, како и многу комплименти за беспрекорниот изглед на 50-годишната актерка.
Згодната Хали веќе долги години држи 25-минутен режим на вежбање кој го креирал тренерот на познатите Харли Пастернак. Тој опфаќа петминутни поврзани сетови на вежби за загревање, за горниот, долниот и средниот дел од телото и вежби за опуштање.
Оскаровката ги прави овие вежби пет пати неделно. Покрај тоа, се занимава со кикбокс, што е одличен спорт за зацврснување на мускулите на целото тело, како и за согорување на калориите.
Со оглед на тоа што има дијабетес тип 2, јаде храна со низок гликемиски индекс која е поделена во пет мали оброци во текот на денот. Нејзината исхрана е богата со белковини и органски одгледуван зеленчук.
Многумина тврдат дека опуштеноста на актерката е клучна за нејзиниот одличен изглед. „Немојте да се сфаќате премногу сериозно. Смејте се на шеги на сопствена сметка и најдете начин да им се насмеете на сите препреки кои неизбежно ќе се најдат пред вас“, вели холивудската актерка.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...
Работа, семејство и време за себе
Усогласувањето на работата и семејниот живот е еден од најголемите пре...
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Совети за полесен живот и подобро ментално здравје
Секојдневието често носи многу обврски, очекувања и предизвици, поради...