Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Кашичка од келераба со пченкарни снегулки и мисиркино месо
Количина за едно дете, за еден оброк
- 50 гр. келераба
- 20 гр. морков
- 30 гр. компир
- 50 гр. мисиркино месо
- 1 лажица пченкарни снегулки
- 1 лажиче путер
Мисиркиното месо сварете го. Келерабата, компирот и морковот излупете ги, измијте ги, изрендајте ги на ситната страна од рендето и ставете ги малку да се пропржат на врел путер. Ставете вода во садот и варете додека зеленчукот не омекне. Истурете го вишокот вода, додадете пченкарни снегулки и парчиња варено мисиркино месо. Ако детето не може да голта месо во парчиња оваа смеса изблендирајте ја.
Кашичка од брокула, тиквички и моркови со мисиркино месо
Количина за едно дете, за еден оброк
- 50 гр. брокула
- 50 гр. тиквички
- 30 гр. моркови
- 50 гр. мисиркино месо
- 1 лажиче путер
Мисиркиното месо сватере го. Морковот исчистере го, измијте го и изрендајте го. Тиквичката излупете ја, исчистете ја од семки и исечете ја на коцки. Брокулата издвојте ја на мали цветчиња. Ставете ја брокулата да се вари. Кога ќе биде до пола варена ставете го и останатиот зеленчук да се вари. Сварениот зеленук ставете го во блендер, заедно со свареното мисиркино месо.
Кашичка од карфиол и тиквичка со компир и пилешко месо
Количина за едно дете, за еден оброк
- 40 гр. карфиол
- 60 гр. тиквичка
- 40 гр. компир
- 50 гр. бело пилешко месо
- 1 лажичка путер
Пилешкото месо сварете го. Компирот излупете го, измијте го и исечете го на коцки. карфиолот разделете го на помали цветови. Исечениот зеленчук додадете го во видата кога месото ќе биде на половина варено. Сетпо заедно варете го додека не омекне. Последни додадете ги тиквичките. Додадете путер. Пред хранење варивото иситнете го или изблендирајте го.
Добар апетит!
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Отворената комуникација меѓу партнерите е основа за длабока интимност ...
Во денешно време се повеќе гледаме фотографии од „идеални“ фамилии сек...
Детската игра – повеќе од забава. Зошто е важна?
Кога ќе ги видиме како трчаат, скокаат, цртаат, измислуваат светови, м...
Што значат соништата за време на бременоста?
Бременоста носи многу промени: телесни, емоционални, хормонални. Но ед...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: