Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Природно е да сте загрижени за текот на својата бременост, развојот на бебето и можното одвивање на породувањето. Се' ви делува толку непредвидливо и понекогаш чувствувате толкава вознемиреност што просто губите контрола...
Опуштете се! Вашите труднички грижи не се толку страшни колку што мислите. Кога ќе прочитате неколку факти за тоа што најмногу ве загрижува и што ви делува најзастрашувачки – само ќе издивнете во знак на олеснување.
Грижа: Имам страшни мачнини. Моето бебе нема да добие доволно хранливи материи.
Факти: Бебињата се неверојатни суштества, кои се во состојба да ја апсорбираат и најмалата количина на нутритиенти. Затоа не треба да се грижите, дури и ако живеете одреден период само со крекери и сок. Јадете помалку, а почесто. Тоа ќе ве држи сити. Ситуацијата ќе се подобри по 16-та недела кога пред вас ќе имате поширок избор на здрава храна која може да ја поднесе вашиот желудник. Тој период се совпаѓа со периодот кога бебето треба да почне да добива на тежина.
Грижа: Што ако јадам или пијам нешто погрешно и со тоа му наштетам на своето бебе?
Факти: Во денешно време жените чувствуваат голем притисок да ја направат вистинската работа, кога очекуваат бебе. Дури и ако се хранат здраво, секогаш постои прашањето “Дали тоа е сигурно?”. Но не треба да се мачите околу тоа. На почетокот на бременоста вашиот доктор треба да ви објасни што треба, а што не треба да консумирате. До душа секогаш не е можно да се испочитува до збор секое правило. Затоа не грижете се бидејќи ризикот во принцип не е голем, туку повеќе е во прашање претпазливост.
Грижа: Премногу сум под стрес, тоа ќе му наштети на бебето!
Факти: Меѓу лудите хормони, потполната исцрпеност и се друго што ви се случува, би било чудно ако не сте ни малку под стрес. Не грижете се, тоа нема големо влијание на бебето. Единствено акутен тежок стрес, како губење на драга личност, го зголемува ризикот од лошото дејство на стресот.
Ако сте многу напнати обидете се да го пронајдете својот мир, водете дневник, обидете се со ароматерапија, билни чаеви и спијте повеќе.
Грижа: Ќе се породам предвреме
Факти: Овој страв би можел да ве загрижува бидејќи стапката на прерано родени бебиња е во постојан пораст и изнесува околу 13%. Но повеќе од 70% од бебињата се родени меѓу 34. и 36. недела, што го намалува ризикот од сериозни компликации. Не пушете, не пијте алкохол, одете редовно на преглед и земајте пренатални витамини и се ќе биде во ред.
Грижа: Нема да стигнам навреме во болница
Факти: Веројатно сте гледале многу филмови во кои трудниците изненадно добиваат болки и се породуваат во такси на патот до болница, а таксистот станува акушер. Во стварност, имате доволно време , дури и за подолго патување, од првите контракции до породувањето. Во просек, породувањето трае околу 12 часа, кога се во прашање прворотки и осум часа ако е во прашање второротка. Разговарајте со докторот и бабицата за да ви стане потполно јасно кога треба да тргнете кон болницата.
Грижа: Породувањето ќе биде тешко и болно. Нема да можам да го поднесам.
Факти: Во бременоста многу работи го окупираав вашето внимание, развојот на бебето по недели, бирање име, уредување на детската соба...што не размислувате премногу за породувањето се додека не стигнете до последните неколку недели. Тогаш се редат прашања, меѓу останатот – колку долго ќе трае породувањето и дали ќе биде многу болно. Нека ве води мислата дека жените се пордуваат откако постои светот и вие не сте единствени во тоа.
Денес постојат многу нешта кои можат породувањето на го направат побезболно – од вежби за опуштање, до епидурална анестезија. Не обрнувајте многу внимание на приказните од породување, бидејќи секое породување е единствено. Можете да посетувате часови за психофизичка подготовка за трудници, или да разговарате со вашиот доктор, кој ќе ве ослободи од стравот.
Грижа: Што ако ми се случи нешто непријатно во текот на породувањето, што ќе ме засрами?
Факти: Сигурно сте слушнале многу приказни во кои на пример – жената повратила на докторот, извршила нужда на породилниот стол, или го проколнувала мажот за тоа што и го направил. Но имајте во предвид дека докторите и бабиците пордуваат жени и по неколку пати во ден и видели многу нешта пред вие да се појавите. Затоа итфрлете го срамот и чувството на нелагодност од својот ум. Концентирајте се на тоа бебето да излезе безбедно и што побрзо да го видите својот мал ангел.
Грижа: Што ако ми биде потребен итен царски рез заради некои компликации?
Факти: Додека некои жени посакуваат царски рез, на други родилки таа опција му звучи застрашувачки. Статистиките говорат дека една третина од бебињата се раѓаат со царски рез, но многу од тие операции се однапред закажани и не се случуваат ургентно. Царскиот рез може да биде планиран, ако на пример бебето е големо, ако е карлично поставено, или ако постојат проблеми со постелката. Итнот царски рез не е баш вообичаен. Но, ако затреба таква интервенција...заради тоа сте во болница. Најважно од се е бебето и вие да бидете добро.
Грижа: Можеби нема да бидам добра мајка
Факти: Многу мајки се грижат за тоа дали ќе му дадат доволно љубов на тоа мало битие, посебно ако веќе имаат деца. Но, ќе бидете запрепастени пред напливот на емоции. Нашата способност за поврзување е бескрајна. Ако сте загрижени за тоа дали ќе бидете добар родител, е позитивен знак. Ако се грижите за тоа, тогаш сигурно ќе бидете добра мајка.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Пелени - основни работи за секој родител
Изборот на вистинската пелена и разбирањето како да ги користите и да ...
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат тр...
Што треба да знаете кога ќе дојдете дома со бебето
Кога ќе добиете нов член во семејството, сосема еочекувано да имате бе...
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога...
Враќање на работа по породилното отсуство.
Admin
Со какви предизвици се соочувате кога се враќате на работа по породилното отсуство?