|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детски хороскоп: Дете Риба

Татјана Дробац, 10.7.2014
Сонливи, емотивни, недоверливи...Како да ги одгледувате децата родени во знакот Риби?

image
/11


 

Хороскопскиот знак во голема мера го одредува начинот на однесување на детето и тоа од неговото раѓање се до поголема возраст. Со особините на децата родени во знакот на риба не запознава астрологот Татјана Дробац.

 

(0-2 години)

Добра работа кога ќе добиете дете во знакот на Риби е тоа што многу ќе спие, а вие ќе бидете најодморена мајка во околината. Нептун е владејачката планета на овие деца, па им дава длабок и цврст сон. Овие деца ја обожаваат светло плавата боја, па и ако е девојче, добро е да има плави детали во собата, во креветчето и на облеката. Сонливите, мили очиња на малите Риби делуваат смирувачки на родителите. Не се многу радознали, а со родителите и блиските личности развиваат однос постепено, значително бавно. Нивното поврзување е на интуитивно ниво. Фантазијата им е под влијание на Нептун, па заради тоа треба и вие да знаете да фантазирате заедно со ова дете. Се препорачуваат прошетки покрај вода, кои би требало да бидат што почести, а исто така и нежни и тивки приспивни песни.

За детето да биде во добро расположение, добро е дома да имате аквариум. Добра е и мала фонтана која не сознава јак звук.  Можеби детето ќе прозборува подоцна, но меѓу првите ќе почне да чита. Некогаш овие деца се толку креативни што користат бои во изразувањето на сопствените чувства. Обрнете внимание на нацртаните симболи и изборот на бои, бидејќи ова е знак кој најмногу управува со психологијата на личноста, па морате да бидете чувствителни и полни со разбирање. Овие малечки, кои се доста срамежливи, не покажуваат ран интерес за спортски подвизи. Не му го префрлајте тоа на детето, кога малку ќе порасне, а немојте ниту да го убедувате дека спортот е добар за него, бидејќи уште повеќе ќе се повлече во себе.

 

(2-4 години)

Малите Риби во оваа возраст се исклучително мили, чувствителни деца, кои со часови можат да слушаат бајки, па дури и да измислуваат сопствени. Разговараат само со одбрани личности. Ако со вас се постојано насмеани и разговорливи, сметајте дека сте на добар пат. Со непознати лица се во главно многу затворени, а социјализацијата им паѓа тешко. Одењето во градинка мора да се подготви тактички и да биде придружено со многу емоции, за детето да не почувствува дека ја губи топлината на сигурното опкружување. Омилена бајка ќе му биде веројатно Малата Сирена, бидејќи е полна со симболика за неговиот знак. Вашето дете ретко ќе биде нервозно, а кога тоа ќе се случи, прво доверете му се за некој ваш проблем, а потоа испитајте го неговиот, но не инсистирајте многу. Инаку, на овие деца многу им годи морето па и во најрана возраст одлично ќе прифатат летување на море. Активностите со кои ќе се занимаваат нека ги одредат сами, толку колку што им одговара.

 

(4-6 години)

Измисленото пријателче е честа фаза кај овие деца. Разговарајте со вашето дете за тоа, но никогаш не му велете дека тоа не е добро, или дека лаже. Нивната емпатија и поддршка која интуитивно ја даваат е основна особина на овој знак и тоа едноставно треба да го прифатите. Ќе ги интересира како функционира човечкото тело и ќе поставуваат безброј прашања за тоа. Многу често Рибите се склони да се занимаваат со уметност, најмногу со музика и сликање. Без оглед на тоа што никој во семејството немал такви склоности, бидете подготвени да го поддржите вашето дете и да му овозможите развој на вештините кои ги поседува. Вклучете повеќе членови на семејството и пријателите и следете го развојот на неговиот талент, за да ја намалите неговата срамежливост.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Само мајките на ќерки го знаат ова!
Дали имате една или повеќе ќерки? Тогаш дефинитивно ќе се препознаете во дел од следниот список. Ако, од друга страна, б...
5
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Реквием за мајчиното тело
Се надеваме дека ќе Ве насмееме со овој извадок од дневниците објавени на сајтот “Scary mommy” - заедница на над 10.000 ...
4
Како да му помогнете на детето со аутизам
Раната интервенција е клуч за подобрување на изгледите за децата со аутизам, невролошко нарушување што ја оштетува кому...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?