vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Сончевото зрачење е опасно во тек на целата година
Сончевото зрачење содржи ултравиолетови зраци, кои се опасни во тек на целата година. Факт е дека се најопасни во текот на летниот период, но и самите сме сведоци дека и пролетното сонце знае да не испржи. Затоа децата треба да се чуваат од сонцето пред и по летото.
Претпладневното пролетно сонце не е благо како што се мисли
Децата не треба да се изложуваат на сончевите зраци по десет часот претпладне бидејќи УВ зраците тогаш почнуваат да напаѓаат. Малите деца треба да се штитат од сонцето во периодот од 10-17 часот, а во лето и до 18 часот. Иако е пролет, треба да се избегнува подолг престој на сонце во периодот од 13 – 16 часот.
Облеката не е доволна, потребен е крем со заштитен фактор
Пролетното сонце е јако. На децата им е топло, па ако ги претоплите (ако им ставите дуксерица над кратките ракави) ќе се соблечат и ќе бидат изложени на штетните УВ зраци. Затоа задолжително намачкајте ги децата со крем со заштитен фактор пред да излезат на сонце! Користете крем со заштитен фактор кој не е помал од 25, а штом ќе наближи летото, факторот треба да биде поголем.
Иако Вашето дете е со темен тен, потребна му е заштита
Факт е дека луѓето со потемен тен имаат поголема отпорност на сонце, благодарејќи му на меланинот (кожниот пигмент) и дека децата со светол тен навистина полесно ќе изгорат, но тоа сепак не е потполна заштита. УВ зрачењето ја оштетува и темната кожа, па заштитниот крем е задолжителен и за децата со потемен тен.
Не заборавајте капа
Каде што има сонце, таму оди и капа. Одберете светла боја (најдобро бела), бидејќи темните бои ги привлекуваат сончевите зраци и непотребно ја зголемуваат температурата врз детската глава. Ставете му на своето малечко капа пред да излезе надвор, па нема ни да забележи дека му стои на главата.
И кога е облачно детето може да изгори
Густите облаци штитат од сонцето, но тогаш имаме и пролетен дожд, па нема дилема! Кога станува збор за шарени облаци, а нив ги има најмногу во пролет, тогаш мора да знаеме дека УВ зраците лесно поминуваат низ нив, па децата мора да ги заштитите од сонцето.
Сонцето е особено опасно на планина
Планинското сонце е поопасно бидејќи воздухот е поредок, па УВ зрачењето е појако. На планина е посвежо и попријатно. Со самото тоа се стекнува впечаток дека сонцето е послабо. Заради тоа е потребно да го чувате детето од сонце.
Не ги заборавајте наочарите
Очите страдаат на јако сонце, а посебно е опасно директното гледање во сонцето, што некои деца уживаат да го прават. Квалитетните заштитни наочари се благотворни за малите деца, а бидејќи се добар моден детал – нема причина за избегнување. Децата брзо ќе ги засакаат.
7
6
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Дали цигарите ја намалуваат плодноста кај жените?
Пушењето цигари може негативно да влијае врз женската плодност, да ги ...
Првите денови како мама. Што ви е потребно?
Првите денови по породувањето се исполнети со силни емоции, нови искус...
Како бебињата учат вистински да зборуваат?
За да произведат звук, бебињата ја имитираат личноста од која го слушн...
Витамин D и женска плодност. Што треба да знаете?
Витаминот D е важен за здравјето на коските, мускулите и имунолошкиот ...
Учењето не зависи само од времето што го поминуваме над книгите, туку ...