Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Во Британското медицинско научно списание стои, „многу бебиња спијат подобро кога се повиени целосно, но ова може да се постигне и преку фокусирање на горниот дел од телото.“ Педијатрите со ова целосно се согласуваат и сметаат дека родителите кои сепак ќе се одлучат за целосно повивање на децата треба да го научат безбедниот начин, односно да му овозможат на бебето да има доволно простор за целосно да ги испружи ножињата.
Повивката треба да биде стегната во горниот дел од телото, а полабава во долниот. Цврстото повивање околу колковите и нозете може да доведе до подоцнежно проодување кај дечиња родени со абнормалитет на колковите. Воедно, доколку повивањето не биде правилно изведено, постои ризик и од дислокација на колковите, што во подоцнежните години може да резултира со операција на колк.
Се случува родителите да ги повиваат децата на овој начин дури до 6 месечна возраст. Експертите сметаат дека ова го зголемува ризикот од дислокација на колковите за дури 50 проценти, што доколку се открие на време може да се третира, но сметаат дека е непотребно децата да се изложуваат на овој ризик. Но, новите мајки несвесни за ризиците кои тоа ги носи, безрезервно и се враќаат на традицијата.
Пред да се одлучите за начинот на повивање на бебето, посетете педијатар и советувајте се со него затоа што е подобро нешто да се спречи додека бебето е мало, отколку да се лечи во подоцнежните години.
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...