|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Бојадисување на косата во тек на бременоста?!

Редакција Рингераја, 2.10.2019
Боење на косата во текот на бременоста многу време се сметал за забранет чин. Не постојат цврсти индикатори кои покажуваат дека боење на косата за време на бременоста може да влијае на самата бременост

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Сепак, треба да се има на ум дека овие истражувања се многу ретки, бидејќи се тешки за истражување. Во продолжение на текстот ќе дознаете дали е ова опасно, кои мерки на претпазливост можете да ги преземете и кои бои се најдобри за користење.

Веднаш на почетокот ќе го решиме вечното прашање: дали е безбедно боење на косата во текот на бременоста? Одговорот е - да.

Боите содржат хемикалии - пероксид и амонијак, меѓутоа, во многу мала количина, поради што не се сметаат за токсични. Освен тоа, бојата не останува доволно долго во контакт со кожата за да се апсорбира во крвотокот и на тој начин да го оштети бебето.

Затоа се смета дека боење на коса не е токсично дури ни за време на доењето, бидејќи хемикалиите не се апсорбираат во млекото. Меѓутоа, ако имате отворени рани на главата, апсорпцијата на хемикалиите во крвотокот се зголемува.

Некои лекари веруваат дека ова не треба да се прави во текот на раната бременост, бидејќи во тој период се формираат органите. Тие советуваат бојадисување на косата по првиот триместар.

Мерки на претпазливост за бојадисување на косата во текот на бременоста

- Ако никогаш до сега не сте ја бојадисувале косата, прво направете тест на мала површина за да видите дали ќе имате реакција, иритација или алергија.

- Строго следете ги инструкциите на пакувањето. Користете ракавици и не ја оставајте бојата премногу долго на вашата коса.

- Имајте на ум дека бременоста може да влијае на промената на структурата на косата. Ова значи дека вашата коса може да реагира поинаку на бојата. Затоа е најдобро да се направи тест на мал дел од косата.

- При изборот на бојата за коса, најдобро е да се изберат бои кои не содржат амонијак, пероксид или PPD (хемиска супстанца која се наоѓа во скоро сите темни бои), а најдобро е да се одлучите за алтернативно боење на косата.

Сепак, изборот е ваш и секогаш е најдобро да се консултирате со вашиот доктор!


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Терапија со масажа
Терапијата со масажа е една од најстарите методи на лекување и се смета дека се користи околу 5000 години. Корените на м...
3
Трајна ли е летната љубов?
Летото е период кога секој од нас размислува за одмор и забава, кои ќе му вдахнат позитивни емоции и искуства за целата ...
3
Смоквата - лечи и подмладува
Смоквите со децении се користат во народната медицина, а нивната примена им се препорачува на оние што страдаат од покач...
3
Благословена бев, додека беше покрај мене...
За сите соништа кои направи да се остварат, За сета љубов која ја најдов во тебе, Ќе ти бидам вечно благодарна драг мој
3




Анкета

gorjana
zajcence

ve molam dali vi se dopaga imeto Gorjana za kerkami

da (49%)

ne (51%)


Број на сите гласови: 147

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!