vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Постојано сме во потрага по се што ќе го подобри квалитетот на живеење на нашето дете. Како родител секој го сака најдоброто за своето дете од нега, здрава исхрана, љубов, добро здравје и средина која ќе го стимулира неговиот развој и ќе овозможи учење низ игра, и создавање на личност која ќе порасне и во идно време ќе биде добар човек.
Во ова време на брзо темпо на живеење и обврски сме зафатени со тоа како поминал денот во градинка, дали се здрави, добро нахранети, топло облечени, дали се купени витамините, пелените.... и сето тоа исцрпува а тука е и делот за игра, кој е битен не само за квалитетно време поминато со нашите најмали туку и пресудно за нивниот псхифизички развој. Но немаме идеја во секое време како да ги анимираме нашите деца, иако понекогаш се доволни и некои едноставни работи, кои се лесно достапни како обичен лист и пенкало. За дечињата тоа е нов свет со кој може да се создаде еден цвет, сонце, да се креира маченце и да му се даде име, да се научи ново зборче. Дури и не мора да сме толку талентирани уметници, пресудно е времето и близината која ја помиунувам со Сара, мојата ќеркичка, толку едноставно а сепак супер забава за деца на возраст од 19 - 24 месеци.
Некогаш е добро да имаме лесно достапни идеи и информации за анимација на нашите деца, бидејќи по напорен ден е сè потешко да си креативен. Затоа сум и благодарна на апликациајта Bebbo, каде покрај стручни совети за грижа на мојата ќерка се наоѓаат и интересни идеи за анимација и развој преку игра.
Јас мислев дека Сара е мала за забава со шкртање и создавaње на уметнички дела, но Беббо ми помогна и ме поттикна да користиме табла пиши - бриши, со цел да се заштитам од несaкани уметнички дела на тросед, ѕид или друга локација а да поттикнам уметност и фантазија кај моето дете.
Сепак во нејзиниот свет се е интересно и забавно.
Инсталирајте ја денес и бидете родител кој во движење ги има сите информации на едно место со помош на Bebbo.
5
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од ...
Како телесната тежина влијае на плодноста?
Телесната тежина може да има значајно влијание врз плодноста и кај жен...
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...