Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Таа одамна е позната како високостоечка дива, но се чини дека мајчинството навистина ја трансформира Бијонсе.
Пејачката откри дека ја пресекла својата коса и дека се чувствува среќно во рамните чевли, по раѓањето на нејзината ќерка Blue Ivy во Јануари.
Таа се отвори во интервју за магазинот People, кој ја круниса за најубава жена на светот:
“Никогаш не мислев дека ќе дојде денот кога нема да носам високи потпетици. Сега имам дете кои го шетам држејќи го во раце. Купувам мокасини и многу ги сакам, затоа што се удобни. На Џеј-Зи му се допаѓа кога носам рамни чевли, што е изненадувачки – тој никогаш не ме видел во вакво светло досега. И самиот кажа дека повеќе му се допаѓа природната Бијонсе.”
Таа исто така кажа дека го презела обликувањето на косата во свои раце, што досега било обврска на скап стилист.
Таа изјави: ”Се чувствувам поубаво од било кога, откако родив. Никогаш не сум се чувствувала толку поврзано, толку потребна некому. Сега знам дека постои цел заради која сум на Земјата. Зборот љубов има поинакво значење сега.”
Бијонсе истакна дека доењето на нејзината ќерка, 10-недели по раѓањето и помогнало да го симне најголемиот дел од вишокот килограми. Таа сега е на строга диета со протеинска исхрана.
Дефинитивно моето тело е сеуште опуштено, но чувствувам дека се враќа во форма – вели таа.
Софиа Вергара е прогласена за втора, а Шарлиз Терон за трета најубава жена во светот.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Прво шишање, први чевлички, прва четка за заби
Првите „мали“ моменти во животот на детето често носат големи прашања ...
Хидратација во бременост. Колку вода е доволно?
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи тел...
Спортот и плодноста, умереностa е важна
Физичката активност е еден од најважните столбови на здравиот живот, н...
Што ја одредува успешноста на ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (ИВФ) е напредна медицинска процедура што на мно...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)