Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Таа родила девојче кое преживува по неуспешен абортус во 8-та недела.
Шенон Скинер (20 години), и покрај заштитните мерки забременува повторно - само 4 месеци по раѓањето на првото дете (раѓањето поминало многу тешко, со царски рез и оштетување на внатрешните органи). Лекарите ја советувале Шенон да почека одреден временски период, пред повторно да биде мајка.
Кога дознала дека е бремена по втор пат, младата жена се шокирала. Сите блиски и препорачале да направи абортус и таа се согласила. Избрала медикаментозен абортус, кој наликува на природен абортус - два дена крварење и помалку емоционални последици. Или барем така сметала Шенон ...
Три месеци подоцна почувствувала движење во стомакот, а ултразвучниот преглед покажал дека сеуште е бремена:
"Го нарекуваме нашето бебе чудо, бидејќи не знаеме како опстана. Највееројатно многу сакало да биде тука - со нас. Долго време имав грижа на совеста, се обвинував, но сега чувствувам огромно олеснување ", ентузијастички раскажува мајката. Сеуште не се знае дали силните хемикалии за предизвикување на абортус, нема да имаат лошо влијание врз здравјето на бебето.
Родителите сакаат малата ќерка да се чувствува сакана и двајцата жалат за она што ненамерно го предизвикале. Тогаш верувале дека немаат друг избор, а сега дека ја имаат целата среќа на земјата.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Што е замрзнато рамо и како да го препознаете?
Замрзнатото рамо, познато и како адхезивен капсулитис, е состојба при ...
Првите денови од бременоста. Што треба да направите?
Позитивниот тест за бременост е момент што може да го промени целиот в...
Зошто разделбата од семејството може да биде тешка?
Заминувањето од семејниот дом, преселбата во друг град или земја, па д...
Протеин од сурутка - предности vs. недостатоци
Протеинот од сурутка (whey protein) е еден од најпопуларните додатоци ...
Страв од непознатото во бременоста
Бременоста е еден од највозбудливите периоди во животот, но истовремен...