Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Босилок - се употребува како чај, за зачинување на салати, супи, житарки и е одлична комбинација со маслиновото масло. Препорачлив е за нередовна и болна менструација; депресија мачнина, надуеност, астма, кашлање, за нега на дехидрирана и осетлива кожа.
Црвен кантарион - препорачлив е за луѓето кои што имаат проблеми со слабокрвност, проблеми со желудникот и недоволен апетит (помага да се отвори апетитот). Исто како и босилокот, препорачлив е за менструални болки.
Жен - Шен - помага во борбата со микроорганизмите кои го напаѓаат организмот на човекот, а посебно со заморот кој е последица на некоја болест. Особено е препорачлив за спортистите поради неговите лековити својства во однос на: оптеретеност, премореност, мачнини и повраќање, вртоглавица...
Цимет - циметот е всушност зачин кој е сладок на вкус и има смирувачко дејство. Треба да предупредиме дека не е убаво да се претера со истиот и никако не смее да конзумирате 1 лажица цимет на гладно срце, затоа што може да предизвика инфаркт. Затоа е најдобро да се комбинира со мед или да се употреби во лимонада,пола лажица е сосема добро. Тој е корисен како лек за забоболка, губење на коса, настинки, артритис, инфекции на мочен меур, холестерол, варење итн.
Коприва - особено препорачлива за оние кои имаат проблеми со крвта, ја подобрува крвната слика. За неа се вели дека е магична тревка токму затоа што содржи многу корисни материи. Копривата се користи и за болно мокрење (крваво мокрење), кашлица, проблеми со црниот дроб, жолчката и слезината.
Жалфија - ако убаво се информирате, ќе дојдете до заклучок дека најголем број од сирупите против кашлица и проблеми со дишните патишта се направени токму од ова растение... Наместо да консумирате сируп, можете ова растение да го консумирате онакво како што ни го дала природата - во неговата вистинска и природна форма. Покрај тоа што е корисен за кашлица и проблеми со дишните патишта, се користи како лек за цревни заболувања, намалување на крвниот притисок, потење.
Ајдучка трева - се користи за лекување на панкреасот, цревата и желудникот, грчеви, треска, прилив на крв во главата, болки во рбетот и на грбот, несоница, разни бронки и чирови.
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?