Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Знам точно што имам
(до последното чорапче!)
Прво, исчистете го плакарот: исфрлете се што е непотребно, а преостанатата гардероба уредно здиплете ја. Еве како најлесно ќе го направите тоа:
Комплетната гардероба поделете ја на типови – маички, џемпери, фустани, чевли, сандали итн. Ослободете се од се што ви е големо, мало, старо, демоде...
Откако ќе го направите тоа, спроведете мало истражување: што ви остана во плакарот? Кој стил, бренд или бои најмногу ви прилегаат? Која облека ви дава самодовреба? Кои парчиња најмногу ги носите? Што ви недостасува од облека или од обувки? Дури откако ќе одговорите на овие прашања, почнете да размислувате за шопинг. И Ви честитаме на тоа што конечно вашиот плакар е полн со работи што ги носите!
Ослободете се од непотребните парчиња
Знаеме дека никогаш не би ги фрлиле. Но затоа можете да му ги подарите на Црвен крст или некоја друга хуманитарна организација. Или организирајте “голема размена“ со другарките.
Обновете ја шминката
Го средивте хаосот во Вашиот плакар? Време е да се “фрлите“ на реорганизирање на вашиот несесер!
Прво, веднаш фрлете се што е потрошено, или при крај. Потоа ослободете се од се што има “музејска вредност“, како и она што го купивте пред една година. Ако сте купиле нешто што било модерно, а не го користите, тогаш тоа нема никаква функција. Или ако имате 20 розови кармини, а употребувате само еден, време е да побарате совет од професионалец и да престанете бадијала да ги трошите парите.
2. правило
Ќе направам шопинг – план
(не ми треба одеднаш се)
Во почетокот на новата сезона добро е да разгледате што од плакарот морате веднаш да замените!
3. правило
Пред шопинг, ќе го решам тестов:
Овој мини тест е дело на популарниот дизајнер Томи Хилгигер. Услов да го купите она што ви се допаѓа е да одговорите потврдно на сите прашања!
Дали овој модел и прилега на мојата фризура или повеќе е за фигурата што посакувам да ја имам?
Многу жени имаат или премала или претесна гардероба, која не му прилега на нивното тело. Тоа е често фрлање пари! Облеката купувајте ја во согласност со вашиот моментален изглед, а не со оној што сакате да го постигнете во иднина.
Дали горам од желба веднаш да го облечам?
Условот за исплатлив шопинг е добро познат – тоа е силната потреба веднаш да го облечете новото парче. Ако вашите чувства се млаки спрема нештото што треба да го купите, можно е долго време да стои во вашиот плакар.
Дали на другите ќе им се допаднат мојот стил и изглед?
Кога некој ќе го привлече Вашето внимание, бидејќи е одлично облечен, вашиот поглед ќе се задржи на таа личност. Добро е да се биде забележан, бидејќи тоа е одличен поттик за самодоверба.
Дали ќе сакам да го носам тоа и идната сезона?
Повеќето модни дизајнери сметаат дека одредени парчиња облека одговараат за сите генерации.
4. правило
Купувањето ќе ми се исплати
(бидејќи ќе инвестирам мудро)
Цената не ја одредува вистинската вредност на парчето облека, туку колку пати го имате облечено.
5.правило
Ќе бидам креативна и снаодлива
(рачната работа се уште е ИН!)
6.правило
CatWalk – штедење
(модерни парчиња по разумна цена)
Заштедете на облека што е новитет на модните писти, бидејќи не знаете дали и идната година ќе биде ин.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Јасли, први пријатели на детето или прв стрес?
Прашањето дали јаслите се добри за најмалите деца често ги дели мислењ...
Како да го заштитите бебето од жештините?
Летните горештини можат да бидат предизвик особено за бебињата. ...
Како децата најдобро учат? Техники за концентрација
Мозокот на децата е неверојатно пластичен, што значи дека има огромна ...
Улогата на медицинскиот тим и поддршката при породување
Во часовите на породување, присуството на стручен и поддржувачки медиц...
Што е нормално, а што не во менструацијата?
Менструалниот циклус е важен показател за здравјето на жената. Иако по...
Дете.
пеперутка16
Дали некогаш ви се случило возрасен, близок или не, да го удри вашето дете во ваше присуство и како реагиравте?