vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Омилено слатко задоволство, кое потсетува на топло време и сонце е секако сладоледот. Ако уживате во вкусот на кафето и чоколадото, направете само совршено здрава комбинација во вкусен десерт - сладолед
1. Во сад изматкајте ги жолчките ддека смесата не стане бледо жолта. 2. Во тенџере ставете ја слатката павлака, додадете го кафето и мешајте на тивок оган додека не зоврие. 3. Во павлаката почнете полека да ги додавате жолчките, со константно мешање. 4. Додадете го и коњакот и продлжете да мешате додека не добиете густ крем како пудинг. 5. Чоколадото растопете го на пареа и додадете го какаото. Потполно растопеното чоколадо ставете го во кремот и се добро измешајте. Оставете ја смесата да се излади. 6. Смесата ставете ја во пластична кутија и ставете ја во замрзнувач да стои најмалку 4 часа. 7. По четири часа извадете го сладоледот од замрзнувач и полузамрзнат измиксирајте го во блендер. Вратете го во садот и оставете го да замрзне уште 4 часа.
Време на подготовка од: 240
Време на подготовка до: 480
Број на лица: 4
Kомплицираност: 4
- 8 жолчки
- 150 гр. смеѓ шеќер
- 600 мл. слатка павлака
- 2 лажици инстант кафе
- 2 лажици коњак
- 150 гр, темно чоколадо
- 1 лажица какао во прав
- Пластична кутија за сладолед
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...