vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Популарно традиционално јадење од турската кујна
Замесете средно тврдо тесто од брашно, сол и млака вода. Тестото поделете го на 4 дела. Од секој дел направете мазни топчиња. Оставете го тестото да се одмори околу 30 минути во зависност од квалитетот на брашното. Тестото покријте го со крпа. Од секое топче исучете кора, додека убаво не се истанчи и притоа прскајте ја со масло.Потоа преклопете ја на сите 4 страни да добиете коцка. Преклопете ја прво едната страна, па другата страна и повторно попрскајте со масло. Повторете го истото со третата и четвртата страна. Добиената коцка исечете ја на ленти, а секоја лента на коцки. На секоја коцка ставете фил. Потоа повлечете го секое ќоше и преклопете го со фил. Така се добива мантија. Повторете ја постапката со останатото тесто. Наредете ги мантиите во тепсија. Добро преачкајте ги со растопен путер и печете ги на 250 C додека ќе се зацрвенат. Фил: Испржете две големи главици кромид на малку масло, па додадете половина килограм мелено месо. Додадете сол и бибер, па потоа се убаво измешајте Доколку сакате да ја дознаете постапката на правење мантии преку слики, испратете mail на glaven.urednik@ringeraja.mk
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Број на лица: 4
Kомплицираност: 5
1 кгр. брашно
2 лажички сол
550 мл. млака вода
Фил:
2 главици кромид
1/2 мелено месо
бибер
сол
200 гр. путер
1 чаша масло
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...