vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Ќе Ве изненади прекрасниот вкус на ова топло предјадење
Во сад ставете ги двете јајца, сирењето, млекото маслото и прашокот на печиво. Додадете сол и измешајте. Подготвената смеса поделете ја на два дела. Во едниот дел ставете ајвар и полека измешајте. На работната маса ставете поголемо парче фолија и над неа ставете две кори. Премачкајте ја со половината од филот со сирење и оставете ја настрана. Повторно ставете две кори на фолијата и премачкајте ги со останатиот фил со сирење. На почетокот на кората сега ставете го претходно направениот ролат. Сето заедно завиткајте го. Ставете повторно две кори и намачкајте ги со половина од филот од ајварот. Ставете го претходно завитканиот ролат над корите и повторно завиткајте. Сега добивте поголем ролат. Повторете ја постапката со остатокот од корите и филот. Подготвениот ролат ставете го во замрзнувач да се стегне. Извадете го и исечете го на парчиња со дебелина од 2 cm. Обложете го плехот со хартија за печење, ставете масло и ставете ги парчињата ролат. Одозгора премачкајте со изматено јајце. Печете на температура од 250 C.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 3
- 500 гр. сирење
- 500 гр. кори за пита
- 3 јајца
- 1 дцл. масло
- 0,5 дцл. млеко
- 1 прашок за печиво
- 3 лажици ајвар
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...