vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Вашите деца ќе ја сакаат
Во тавче пропржете ги кромидот и лукчињата околу 5 минути. Во посебен сад измешајте го млекото, скробот, ориганото, спанаќот, фета сирењето, јајцето па во смесата додадете го и кромидот. Загрејте ја рерната на 180 ° C. а тавчето во кое ќе ја печете питата посипете го со маслиново масло, ставете неколку готови кори на дното, а потоа ставете од смесата рамномерно на целата кора и покријте го со уште два слоја од кори. Повторете, додека не ја потрошите целата смеса. На крајот горната кора лесно, премачкајте ја со маслиново масло. Печете додека питата не добие златно-кафеава боја, околу триесет минути. Откако ќе ја извадите од рерна покријте ја питата со крпи околу 10 минути, а потоа исечете на коцки сервирајте.
Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 60
Број на лица: 4
Kомплицираност: 2
* 1 лажичка маслиново масло
* 2 млади кромитчиња,
* 3 чешниња лук
* 3/4 шолја млеко
* 1 лажица пченкарен скроб
* 1/2 лажичка оригано
* 250 г замрзнат спанаќ, или свеж
* 50 г фета сирење
* 1 јајце изматено
* кори за баклава
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...