vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Со овошје можете да направите навистина интересни десерти. Нашето поднебје е богато со јаболка, круши, сливи, дуњи, калинки...
Замесете брашно, жолчка, шеќер, сол на врв на нож и путер и направете тесто во облик на топка. Завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер 1,5 час. Две третини од тестото ставете го на дно од подмачкана округла тава (со пречник од 30 см). Од преостанатата 1 / 3 направете „колбас“ и обложете ги ѕидовите на тавата, на висина од 4 см. Изматете го несоленото сирење, шеќерот, јајцата и лимоновата кора, потоа додадете слатка павлака измешана со прашакот за пудинг и ванилин шеќер, и измиени зрна од белото грозје, па сето тоа истурете го преку тестото во калапот. Во рерна, на 200Ц, печете го 45-50 минути. Врелата површина на колачот премачкајте ја со тенок слој од џемот (малку растопен и измешан со 1 лажица вода) и сето тоа вратете го на печење уште 2 минути. Извадете го колачот, посипете го со прав-шеќер и оставете го да се олади.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Број на лица: 4+
Kомплицираност: 3
(за тесто)
250 гр.брашно, 75 гр.шеќер, 150 гр.путер, жолчка, малку сол.
(за фил)
750 гр.бело грозје, 200 гр.несолено сирење, 75 гр.шеќер, 3 јајца, 1 кесичка ванилин шеќер, 150 гр.слатка павлака, стругана лимонова кора, 1/ 2 кеса пудинг-ванила, 2 лажици џем од кајсии.
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...