vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Мирис од детството
Прв чекор: Колачот-куглоф се пече во калап во облик на престен и по печењето се попрскува со сируп со рум и се полни со шлаг пена или некој друг крем. Постапката почнува со сирупот. Во Садот за сос се загрева шеќерот со вода, на тивок оган, додека да се растопи шеќерот. Кората на лимонот се сече во ленти (само жолтиот дел) и додајте ги во сирупот. Хоризонтално исечете го семето од ванила и додајте го во сирупот, заедно со дршката. Кога шеќерот е стопен, нека зоврие и нека се крчка околу 3 минути. Кога ќе се олади, извадете ја кората од лимон и исцедете го сирупот. Сирупот може да се чува во фрижидер, до неколку недели. Втор чекор: Во сад, со миксер изматете го брашното со сол, квасец и кората од лимон. Во Тавата со рачка загрејте мед, колку да стане течност, не да зоврие. Медот се мати со 3 јајца. Оваа смеса се додава на брашното и со омекнат путер, се мати околу 3 минути, додека да се изедначи смесата. Изматете ги јајцата и и остатокот од нив додајте го по малку во смесата со брашно, мешајќи цело време со миксер на средна брзина. Мешајте уште неколку минути и истурете ја смесата во чиста чинија, покријте ја и оставете нека нарасне двојно. Бидејќи смесата содржи јајца и путер, за нараснување ќе треба неколку часа, но проверувајте ја на секои 30 мин. Трет чекор: Диеталниот сад премачкајте го со путер. Кога тестото е веќе видливо надигнато, пренесете го во Диеталниот сад, покријте го со пластична фолија и оставете нека расне на топло уште околу 30 мин, колку само да почне да расне. Откако тестото пак ќе порасне извадете ја фолијата и печете 20-30 минути додека да добие златна боја и кога ќе почне да се одвојува од Диеталниот сад. Извадете го тестото од Диеталниот да се лади околу 5 минути, потоа ставете го на маса и почекајте колачот добро да се излади. Со дрвени стапчиња, направете дупчиња од сите страни и потоа вратете го назад во Диеталниот сад. Четврти чекор: Загрејте го сирупот –кога ќе стане жежок, додајте му рум и истурете преку колачот. КОга тестото ќе го впие сирупот, уште еднаш извадете го од Диеталниот сад и оставете го нека се олади на чинија за служење.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 80
Број на лица: 4+
Kомплицираност: 3
Прв чекор Куглоф:
250 гр.брашно
1 лажиче сол
15 гр. свеж квасец или 1 кесичка сув квасец
кора од 1 лимон
2 лажици мед
6 јајца
100 гр.мек путер
90 мл. рум
Втор чекор Сируп:
250 гр.шеќер
250 мл вода
1 лимон
1 стапче ванила
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...