vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Интересен Охридски специјалитет! Декоративен и мошне вкусен!
Ги мешаме брашното и водата со миксер. Од прилика треба да добиеме каша слична како кашата за палачинки. Кога ќе ја добиеме потребната каша посолуваме ( и ги додаваме јајцата ако веќе ѓомлезето го правиме со јајца). Земаме тепсија и ја мачкаме со масло. Над маслото ставаме каша (потенок слој). Вака приготвената тепсија ја ставаме во рерна (доколку немаме вршник). Цело време треба да бидеме во близина на рерната за да гледаме кога ќе биде готов слојот од кашата (кога ќе поцрвени знајте дека е готов) Од како ќе поцрвени кашата ја вадиме тепсијата, над веќе печениот слој ставаме масло и повторно слој од каша. Ова го повторуваме се додека не ја потрошиме цела каша Рецептов е напишан за правење ѓомлезе во рерна.. ама ѓомлезе се прави под вршник (сач)
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 120
Kомплицираност: 5
• 100 милилитри Масло
• 2000 милилитри Вода
• 1500 грама Брашно
• 1 Јајца/це
• малку Сол
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...