vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Мирис од детството
Во топлото млеко ставете го квасецот, малку шеќер и 2 лажици брашно и оставете 10-тина минути да отстои. Потоа додадете ги сите состојки освен брашното. Добро измешајте и на крај додавајте го брашното постепено. Замесете средно меко тесто, се додека не се лепи за рацете. Оставете да отстои на топло 30-тина минути. Кога е тестото готово, направете околу 30 топчиња. Од секое направете лента која ќе ја фатите на краевите, ќе ги споите и ќе го завртите два пати. Сега тој крај ќе го споите како перек. Видете на сликата. Облизи може да се прават по ваш вкус. Переците ставајте ги на подмачкан плех или обложен со хартија за печење. Кога ќе ги завршите сите, уклучете ја рерната на 250Ц и оставете ги да надојдат додека се загрее рерната. Пред да ги печете премачкајте ги со изметено јајце и печете додека не почнат да поруменувааат. За тоа време направете го солениот прелив. Треба да биде густ колку тесто за палачинки. На 5 минути пред да бидат готови, извадете од рерна и прелијте ги со преливот како на цик-цак преку целиот перек. Печете уште малку и готови се.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Број на лица: 4+
Kомплицираност: 3
1. 800гр брашно
2. 1 лажица сув квасец, или околу 40гр свеж квасец
3. Малку шеќер
4. 1 лажица сол
5. 200мл топло млеко
6. 300мл топла вода
7. 100мл зејтин
За премачкување
1 јајце
Солен прелив
3 лажици брашно
1 лажица сол
По потреба студена вода
забава Бремените
Автор: bobik
Чести причини за будење навечер кај децата
Ноќното будење е многу често кај бебињата и малите деца. Некои деца се...
Како да го пронајдете вашиот реален ден на овулација?
Овулацијата не се случува секогаш на истиот ден од циклусот. ...
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за ...
Безбедно разладување на просторија каде што спие бебето
Во топлите летни денови, високите температури можат да бидат непријатн...
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...