vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Турската татлија се одомаќинила кај нас. Знае да ја приготвува секоја постара домаќинка.
Од брашното, прашокот за печиво, 1 ванилин шеќер, јајцата и истопениот маргарин замесете убаво тесто. Тестото оставете го да одмори 15-тина минути. Потоа продолжете со месењето, при што се додава (доколку е потребно) уште малку брашно. Во посебен сад ги месиме оревите, иситнетите урми, циметот и 3-те лажици шеќер. Тоа е филот за татлиите. Од тестото земаме мали топчиња со големина колку орев, со дланката се стискаат, се филуваат, па убаво се затвораат од сите страни за да не испадне филот. Вака подготвените татлии се редат на плех и се печат на 220 степени. Додека татлии се печат се подготвува се подготвува сирупот од 1кг. шеќер, водата. ванилата и лимоновиот сок кој се додава после 15 минути варење. Потребно е сирупот да биде сварен и со светло жолта боја. Кога татлиите ќе се испечат се налеваат со сирупот.
Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 40
Број на лица: 4+
Kомплицираност: 3
* 3 Шекер лажичка/ки
* 1000 грама Шеќер
* малку Цимет
* 200 грама Урми
* 1 кесичка/ки Прашак за печиво
* 150 грама Ореви
* 250 грама Маргарин
* 4 лажица/ци Лимонов сок
* 1 Кора од лимон
* 1000 милилитри Вода
* 2 кесичка/ки Ванилин Шеќер
* 450 грама Брашно
* 2 Јајца/це
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...