vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
За вистинските сладокусци
Кора:одвојте ги белките од жолчките, Белките изматете ги во цврст снег па додајте шеќер. На изматената смеса од белки постепено додавајте ги жолчките, една по една. Кога ќе добиете воздушеста и хомогена смеса додајте ги брашното и какаото. Подготвената смеса истурете ја во калап за торта покриен со хартија за печење. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 25 минути. Тестото оставете да се излади, исечете на половина. Во длабок сад ставете ја слатката павлака, чоколадото истопете го на ниска температура и додајте во павлаката заедно со иситнетите лешници. Дното од калапот за торта покријте го со 1/2 тесто. Истурете го филот и покријте со горната кора. Чоколадото истопете го со малку масло и истурете врз горната кора. Ставете ги корнетите на тортата, а најдобро ако секој наполните со фил. Изматете ја слатката павлака и украсете ја тортата.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 120
Број на лица: 6+
Kомплицираност: 4
Кора:
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици брашно
2 лажици какао
Фил:
500 мл слатка павлака
100 г чоколадо
50 г печени лешници
Глазура:
50 г чоколадо
2 лажици масло
Украс:
100 мл слатка павлака
неколку корнети за сладолед
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...