vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Торта полна со Ц витамин, капинки, рибизли, идеална за летно освежување
Изматете го марципанот со миксер, се додека не добиете мазна смеса. Постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер и постојано матете. Потоа, додадете го путерот и јајцата, едно по едно, без да престанете со матење. На крај се додаваат брашно и прашок за пециво. Тестото се пече 25 минути на 180°С. Откако ќе се излади, поделете го на една подебела и една потенка кора. Желатинот подгответе го според упатството на ќесичката. Во сад, изгмечете ги капините и додадете ги сокот од рибизли и лимон, шеќерот и ванилиниот шеќер. Во оваа смеса додадете го и подготвениот желатин, па потоа сирењето и изматената слатка павлака. Тенката кора намачкајте ја со фил, преку неа ставете ја дебелата кора и потоа исфилувајте ја и неа. Декорирајте со шлаг и рибизла.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Број на лица: 6+
Kомплицираност: 4
• 75 гр марципан
• 150 гр путер
• 125 гр шеќер
• 1 кесичка ванилин шеќер
• 3 јајца
• 125 гр брашно
• малку прашок за пециво
за фил
• 1,5 ќесичка желатин
• 300 гр капини
• 100 мл сок од рибизла
• 2 големи лажици сок од лимон
• 75 гр шеќер
• 1 ќесичка ванилин шеќер
• 500 гр несолено сирење во грутки
• 400 мл слатка павлака
за декорација
• ќесичка шлаг
• рибизла
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...