vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Убава за гледање и јадење
Во подлабок сад, измешајте ги путерот, јајцата и шеќерот. Во друг, помал сад, измешајте ги бојата и какаото и потоа додадете ги кон смесата со путер. Кон тестото додадете го, на три пати, ајранот или матеницата. Надополнете со екстракт од ванила, прашок за пециво и оцет. Во тавата за печење ставете пекарска хартија и наросете ја со брашно и сол. Ставете го брашното и печете околу 30 минути. Додека тестото се лади, подгответе ја глазурата. На средна температура, гответе ги брашното и млекото, додека не згуснат. Потоа, оставете ја смесата да се излади. Со миксер, измешајте ги путерот, шеќерот во прав и ванилата. Потоа, спојте ги двете смеси и измешајте. Тестото пресечете го по должина на два слоја и ставете од глазурата помеѓу двата слоја и на врвот на тортата.
Време на подготовка од: 90
Време на подготовка до: 120
Број на лица: 6+
Kомплицираност: 4
• 230 гр путер
• 2 јајца
• 375 гр шеќер
• 1 мала лажица какао во прав
• 60 мл црвена прехранбена боја
• 235 гр тесто за колачи и торти
• 1 мала лажица сол
• 1 шолја матеница или ајран*
• 1 мала лажица екстракт од ванила
• 1 мала лажица прашок за пециво
• 1 мала лажица оцет
за глазура
• 2 големи лажици брашно
• 1 шолја млеко
• 200 гр путер
• 1 мала лажица екстракт од ванила
• 110 гр шеќер во прав
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...