vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Ниту еден именден не може да се замисли без бајадера!
Кора: 100 грама чоколадо искршете и на пареа истопете го со постојано мешање и оставете го на топло. Пенесто изматете 100 путер со 50 грама шеќер и додајте го истопеното чоколадо. Во друг сад измешајте 250 грама мелени бисквити, какаото и мелените ореви па додајте ги во смесата со путер и чоколадо. Додајте 50 грама сечкани ореви и 50 грама млеко за да добиете густа смеса. Фил: Одвојте 100 милилитри млеко и во него растворете ги шеќерот и прашокот за пудинг. 300 млеко ставете го да зоврие и додајте ја смесата со пудингот. Сварете густ крем. Омекнатиот 50 грама путер исечкајте го на ливчиња и додадете во малку изладениот пудинг и убаво измешајте. Глазура: Искршете 100 грама чоколадото, додајте шеќер во прав, 30 грама путер исечен на ливчиња и една лажица вода. Истопете на пареа со постојано мешање. Редење: Поголем, правоаголен, плиток сад обложете со проѕирна фолија. Нанесете ја смесата за кора и убаво израмнете. Рамномерно распоредете го филот и нанесете ја топлата глазура. Садот преку ноќ префрлете го во фрижидер а потоа исечете го на коцки и послужете.
Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 40
Број на лица: 6+
Kомплицираност: 2
• 3 Шекер лажичка/ки
• 1 мала лажица Шеќер во прав
• 50 грама Шеќер
• 200 грама Чоколадо
• 200 грама Путер
• 100 грама Ореви
• 500 милилитри Млеко
• 2 лажица/ци Какао
• 10 милилитри Вода
• 1 Ванила пудинг/а
• 250 грама Бисквити
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...