vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Прекрасно мириса, има прекрасен вкус, ммммм
Изматете ги јајцата и путерот заедно со шеќерот додека не се соединат. Додадете ја урдата, ванилата и есенцијата од лимон. Просејте го брашното заедно со пченкарното брашно и прашокот за пециво. Додадете лушпи од цитрус, црни рибизли, суво грозје, јаткасти плодови. Зачинете со ракија. На крај додадете ја смесата со јајцата и путерот. Промешајте. Загрејте ја рерната на 180 степени. Издолжен сад за печење намачкајте со путер. Ставете го тестото во средината, израмнувајќи го малку со рацете одозгора. Печете на долната полица од рерната околу 2 часа. Откако колачот е готов, оставете го да се излади во калапот и дури потоа извадете го.
Време на подготовка од: 150
Време на подготовка до: 180
Kомплицираност: 3
5 јајца
250 гр путер
250 гр шеќер
250 гр урда
1 лажичка ванилин шеќер
екстракт од лимон
375 гр брашно
125 гр пченкарно брашно
2 лажички прашок за пециво
200 гр кора од лимон и портокал
100 гр суви црни рибизли
100 гр суво грозје
125 гр бланширани бадеми
125 гр цели лешници
125 гр ореви, крупно сецкани
1 лажица ракија
Масло за маснотии
За преливот:
1-2 лажици шеќер во прав
1 белка
? лажичка масло
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...