vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
@my_little_kitchen_stories ви препорачува
Во длабок сад се мешаат млекото, водата, шеќерот и сувиот квасец. Потоа се додава маслото за јадење и белката и половина од брашното измешано со ? лажичка сол. Промешувате добро и ја додавате преостанатата количина брашно. Замесувате тесто кое е потребно да се меси барем 5 минути. Ќе ви изгледа малку лепливо на почетокот, по потреба додате малку брашно. Во намрсен длабок сад оставете го да стаса 40тина минути. Откако ќе стаса од него направете 8 топчиња (мене секое топче ми тежеше околу 150гр). Може да направите и помали топчиња, зависно колку мини сакате да се пиците. Секое топче го премачкувате со стопениот путер и го валкате со сусам. Ги ставате во плех обложен со хартија за печење и со дно од чаша притискате на средината на топчето за да се направи вдлабнатина. Потоа го ставате посакуваното полнење. Печете на 180°Ц, 20тина минути. Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 70
Kомплицираност: 3
• 200 мл млако млеко
• 200 мл вода
• 2 лажици јогурт
• 1 белка
• 120 мл масло за јадење
• ? ќесичка сув квасец
• 1 лажица шеќер
• 1 мала лажица сол
• 5 чаши од по 200мл брашно
• 100 гр путер
• сусам
• полнење по желба (јас некаде користев кечап, оригано, кашкавал, печеница, чајна, сино сирење, домати, маслинки)
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...