vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
@my_little_kitchen_stories ви препорачува
Мелените бисквити, урмите, путерот и сокот ги мешаме заедно додека да добиеме хомогена смеса. На калапот за торта ставаме малку путер и ја втиснуваме рамномерно со рацете смесата со бисквити. Ставаме во фрижидер да се стегне. Во меѓувреме на пареа заедно го растопуваме белото чоколадо со млечното и 1 лажица масло за јадење. Го нанесуваме чоколадото врз бисквитната кора и враќаме назад во фрижидер да се стегне. Во длабок сад на оган ги ставаме замрзнатите малини и ситно сецканото суво овошје заедно со водата. Претходно желатинот се раствара според упатството на ќесичката. Откако ќе изврие малку смесата, се додава желатинот и се остава уште 2-3 минути на оган. Потоа се трга на страна малку да се олади и се прелива врз чоколадото. Повторно оди во фрижидер. На крај се растопува на пареа посебно црното чоколадо и посебно млечното. Врз овошниот фил прво го нанесуваме црното, па веднаш млечното, и со вилушка поминуваме врз преливот и правиме шари мешајќи ги чоколадите. Јас додадов малини за да ја избалансираат блажината на сувите овошја поради што воопшто и не се додава шеќер во оваа торта. Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 3
• 200 гр мелени бисквити
• 100 гр путер на собна температура
• 10 мелени или ситно сецкани урми
• 30 мл овошен сок
Чоколаден фил:
• 100 гр бело чоколадо
• 100 гр млечно чоколадо
• 1 лажица масло за јадење
Овошен фил:
• по една рака ситно сецкани урми, суви смокви, суви кајсии, сливи, грозје, брусница, вишни (може било кое суво овошје по желба)
• 2 раце замрзната малина или вишна
• 1 желатин
• 3 лажици вода
Чоколаден прелив:
• 100 гр црно чоколадо
• 100 гр млечно чоколадо
• 1 лажица масло за јадење
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...