vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
@my_little_kitchen_stories ви препорачува
Најпрво измешајте го квасецот со млакото млеко и 1 лажица шеќер и оставете го неколку минути да се активира. Водата ставете ја да зоврие и во неа додадете го пченкарното брашно. Тргнете на страна да се олади. Во белото брашно додадете ја солта и промешајте а потоа кон пченкарното брашно додадете го квасецот и постепено додадете го белото брашно. Замесете тесто кое ќе ви изгледа лепливо, но на добро набрашнета површина, месејќи неколку минути, ќе добиете меко тесто кое ќе гo тргнете на страна 1 час за да стаса. Откако тестото ќе стаса, размесете го повторно и по потреба додадете брашно. Поделете го на 4 дела и од нив обликувајте багети. Ставете ги во обложен плех со хартија за печење и оставете ги уште 20-тина минути да стасаат. Печете ги во загреана рерна на 200°Ц 25-30 минути. Некаде на половина од печењето премачкајте ги со мешавина од 1 јајце и 3 лажици млеко. Откако ќе се испечат и оладат можете да ги правите како сендвичи по желба, или како што направив јас, да ги расечете на неколку места и да ги полните по ваш вкус. Јас едниот го наполнив со мешавина од 2 чешниња ситно сецкан лук, 3 ситно сецкани гранчиња магдонос и 3 лажици маслиново масло. Другиот е наполнет со мешавина од лут буковец со путер, а измеѓу секој рез има и чајна салама. Третиот е со мешавина од путер, маслинки и пармезам а четвртиот со мешано сирење и чедар. Доколку ги полните на мојот начин, ќе ги завиткате во фолија и ќе продолжите со печење 7-8 минути, ќе ја отстраните фолијата и уште 5 минути ќе печете. Совет плус: Додека се пече багетот, на дното на рерната ставете тенџере или тепсија со вода, кои ќе помогнат, багетот да е мек одвнатре, а крцкав однадвор. Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 70
Kомплицираност: 3
• 300 гр пченкарно брашно
• 750 гр брашно
• 1 ќесичка сув квасец
• 1 лажица сол
• 1 лажица шеќер
• 100 мл млеко + 3 лажици млеко за премачкување
• 1 јајце за премачкување
• 600 мл вода
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...