vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
@my_little_kitchen_stories ви препорачува
Најпрво со миксер изматете го путерот со жолчката, шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа постепено додавајте од брашното и почнете со месење. Од тестото направете топка која ќе ја ставите во фрижидер претхофно обложена со фолија. Тестото е доволно да биде во фрижидер половина час. Потоа развлечете го на набрашнета површина и доколку е потребно додадете уште брашно. Извадете форми по желба и печете на 150оЦ околу 7 минути. Додека тестото е во фрижидер можете да го подготвите фонданот. Желатинот растопете го во вода според упатството на ќесичката. Во длабок сад на тивок оган растопете го медот па потоа додајте го маргаринот. Се додава кон него желатинот кој претходно сте го раствориле во водата и се меша додека се растопи. Потоа се трга од оган и се додава постепено шеќерот во прав. По потреба додадете и повеќе шеќер. Ако смесата се леплива, може да ја оставите кратко во фрижидер. Потоа поделете ја на онолку делови колку бои сакате да добиете и додадете ги со постепено мешање. Откако колачите ќе се оладат почнете со украсување.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 70
Kомплицираност: 4
300 гр путер
600 гр брашно
170 гр шеќер во прав
1 ванилин шеќер
1 жолчка
За фондан
50 гр маргарин
1 лажица посветол мед
1 желатин
50 мл вода
600 гр шеќер во прав
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...