vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
@my_little_kitchen_stories ви препорачува
Во длабок сад се мешаат со лажица брашното, шеќерот, сувиот квасец и солта. Потоа се додаваат млекото, путерот и 2 жолчки. Се замесува тесто кое на почетокот ќе биде малку лепливо но по неколку минути месење ќе добиете мазно тесто. Месењето нека биде околу 10-тина минути и доколку тестото потоа внатре ви изгледа суво со прстите ќе втриете малку млеко во него. Вака замесеното тесто ставете го во длабок сад премачкан со масло за јадење и оставете го да стаса на топло 1час. Откако ќе стаса, се дели на 4 дела и се сука во триаголна форма. Врз секој триаголник се премачкува нутела, освен на последниот. Потоа се сече во облик на елка, се сечат ленти широки околу 2 цм и се превиткуваат како на сликата. Вака оформената елка се остава на страна уште 30 минути да стаса. Потоа се премачкува со белките и се пече во загреана рерна на 180°Ц, 20-тина минути. На крај се премачкува со мешавина од шеќер и вода и по краевите се става сусам по желба како декорација. Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 4
• 450 гр брашно
• 70 гр шеќер
• 2 мали лажички сув квасец
• прстофат сол
• 30 гр омекнат путер
• 250 мл топло млеко
• 2 жолчки за тестото и 2 белки за премачкување
• 1 чаша нутела
• масло за јадење
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...