vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
@my_little_kitchen_stories ви препорачува
Подготовка: Загрејте ја рерната на 180°Ц и намрсете го калапот за куглоф. Измешајте го брашното со прашокот за пециво во еден сад. Во друг подлабок сад измиксирајте ги со миксер, маргаринот, шеќерот и кората од лимоните додека не добиете хомогена смеса. Додавајте ги јајцата едно по едно. Постепено додавајте ја смесата со брашното, исклучете го миксерот и продолжете да мешате со дрвена лажица. Смесата истурете ја во калапот и печете околу 30 минути. Во меѓувреме припремете го сирупот, за кој е потребно да се помеша сокот од лимоните со шеќерот и да ја загреете смесата до вриење. Продолжете со варење уште 2-3 минути и потоа тргнете ја од оган за да се олади. Печениот и оладен куглоф прелијте го со сирупот и оставете го во калапот уште 15 минути за да се впие сирупот. Откако ќе се олади прелијте го со глазурата од шеќер и вода и уживајте во прекрасниот вкус. Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 2
• 250 гр омекнат маргарин
• 250 гр брашно
• 1 лажица прашок за пециво
• 1/2 лажица сол
• 225 гр шеќер во прав
• кора од 3 лимони
• 4 јајца
Сируп:
• 100 гр шеќер во прав
• Сок од 3 лимони
Глазура:
• 80 гр шеќер во прав
• 2 лажици ладна вода
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...