vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
@my_little_kitchen_stories ви препорачува
Подготовка: Оставете го тестото да се одмрзне. Најпрво се подготвува пудингот со 900 мл млеко според упатството на пакувањето. Откако ќе го сварите пудингот, оставете го на страна да се излади. Во меѓувреме земете сад во кој ќе ја печете питата и намрсете го. Јас користев калап за тарт со големина 27цм. На набрашнета површина растегнете го тестото и исечете круг со приближна димензија како калапот за печење. Од останатото тесто исечете ленти. Во калапот ставете го тестото кое го исековте како круг и ќе внимавате да биде распоредено и по краевите. Потоа ставете го пудингот на дното од тестото и распоредете го по цел калап. Исечете 2 јаболка на парчиња и наредете ги во круг. По секој ред од јаболка ќе ставате по една лента од тестото. На крај премачкајте ја со јајца и ставете кафеав шеќер и цимет врз јаболката. Печете на температура од 180°Ц, 20 минути. Добар апетит! Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 40
Kомплицираност: 2
Потребни состојки:
• плочка готово замрзнато лиснато тесто
• 2 јаболка
• 2 ванила пудинзи
• 900 мл млеко
• 1 јајце за премачкување
• кафеав шеќер
• цимет
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...