vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
@my_little_kitchen_stories ви препорачува
Потребно е во блендер да ги сомелете листовите од бадемите со шеќерот, па на тоа да го додадете брашното помешано претходно со цимет, сол и прашокот за пециво. Потоа добро промешајте смесата да се изедначи. Путерот, на собна температура, со миксер изматете го, па додадете го во него екстрактот од ванила, јајцето и жолчката. Повторно матете и постепено додавајте ги сувите состојки. Замесете тесто, кое во оваа фаза ќе ви изгледа многу меко, но тоа не треба да ве буни. Поделете го тестото на два дела, завиткајте го со проводна фолија и оставете го во фрижидер околу еден час за добро да се стегне. На набрашнета површина, развлечете тенко тесто и вадете облици по желба. На хартија за печење распоредете ги колачињата и печете во претходно загреана рерна на 180°Ц точно 8 минути. Откако ќе се оладат, филувајте ги по желба и спојувајте ги. Врз нив наросете шеќер во прав. Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време на подготовка од: 70
Време на подготовка до: 90
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3
• 100 гр листови од бадем
• 110 гр шеќер
• 350 гр брашно
• ? лажичка прашок за пециво
• ? лажичка сол
• 1 лажичка цимет
• 225 гр путер
• 2 лажички екстракт од ванила
• 1 јајце и уште една жолчка
• по желба џем, нутела и шеќер во прав
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...