vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Ако сте и вие љубители на ф’стаци, @my_little_kitchen_stories ви препорачува
Помешајте ги мелените бисквити со путерот и слатката павлака, додадете ги мелените ф’стаци и притиснете ја смесата со рацете во калап за тарт премачкан со путер. Ставете го калапот во фрижидер за да се стегне смесата. Во меѓувреме подгответе го филот од ф’стаци. За него е потребно во блендер да ги сомелете несолените ф’стаци заедно со солта и маслото за готвење. Откако ќе се соедини таа смеса, додадете го шеќерот и слатката павлака и повторно блендирајте се додека не добиете полутечна смеса. Оваа смеса нанесете ја врз бисквитната кора и на неа додадете уште 50 гр сецкани ф’стаци. Ставете го калапот повторно во фрижидер. Сега на ред за подготовка е чоколадниот прелив. Потребно е да ја загреете слатката павлака до вриење и да се прелие преку чоколадото кое претходно сте го скршиле на коцки. Откако чоколадото ќе се стопи и се добие хомогена смеса, се прелива преку тартот. Вака подготвениот тарт треба да стои во фрижидер најмалку час и половина за да добро се стегне. Уживајте во готвењето и прекрасниот спој на чоколадо со ф’стаци.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Број на лица: 4
Kомплицираност: 4
Бисквитна кора:
• 200 гр мелени бисквити
• 50 гр мелени ф’стаци
• 60 мл слатка павлака
• 120 мл омекнат путер
Фил од ф’стаци:
• 125 мг несолени ф’стаци без лушпа
• 2 мали лажички масло за готвење
• ? лажичка сол
• ? чаша шеќер
• 50 мл слатка павлака
• 50 гр несолени ф’стаци без лушпа
Чоколаден прелив:
• 300 гр црна чоколада (може и млечна)
• 150 мл слатка павлака
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...