vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
@my_little_kitchen_stories ви препорачува
Подготовка: Празот исецкајте го ситно и пропржете го на тивок оган, па додадете сол и црн пипер по вкус. Во него додадете ја урдата и пржете уште неколку минути па додадете ги двете јајца. Оставете на страна да се олади малку филот. Сувиот квасец растворете го во подлабок сад со 2 лажички млака вода и шеќер. Во садот додадете ја водата, зејтинот и малку сол. Мешајте постојано со жица и додавајте го брашното. Секоја кора прво премачкајте ја со смесата со квасецот па потоа само на крајот додадете од филот по должината на кората. Свиткајте ја во ролна и ставете ја во намрсен плех. Постапката повторувајте ја додека имате кори. Доколку ви остане од смесата со квасецот, попрскакте ја питата од горе пред печење. Печете во загреана рерна на 180°Ц, 20-тина минути. Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 60
Број на лица: 4
Kомплицираност: 4
• 1 пакување кори од хељда
• 1 сув квасец
• 1 лажичка шеќер
• 10 лажици брашно
• 50 мл масло за јадење
• 350 мл вода
• 2 страга праз
• 400 гр урда
• 2 јајца
• сол и црн пипер
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...