vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Коцки со освежителен мармалад, потопени во чоколадо, па извалкани во кокос – има ли нешто подобро?
Одвојте ги жолчките од белките и изматете ги белките додека не добиете пенеста смеса. Измешајте ги жолчките со маслото и шеќерот, па додадете го прашокот за печиво и постепено млекото. Потоа додадете прстофат сол и полека измешајте ги белките со смесата од жолчки. Прелијте ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна 20 минути на 180 степени. Оставете колачот да се излачи половина час. Оладениот колач поделете го на половина и внатрешниот дел намачкајте го со богат слој мармалад од јагоди/малини или друго црвено овошје. Преклопете со горниот дел и исечете коцки. Стопете го чоколадото со путерот и млекото така што ќе добиете мазна смеса за фил. Потопете ги коцките од сите страна, а потоа извалкајте ги во кокос. Служете ги на собна температура.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 4
За колачот:
3 јајца
150g шеќер
100ml масло
100ml млеко
130g брашно
10g прашок за печиво
Прстофат сол
За чоколадниот прелив:
250g темно чоколадо
250g путер
200ml млеко
За декорација:
300g кокос
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...