vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Рецептот во продолжение е многу лесен, а резултатот се вкусни и миризливи карамелизирани јаболка, на кои нема да им одолеете
Отстранете ги дршките на јаболката, измијте ги со топла вода и избришете ги. Уште подобро е ако ги оставите во фрижидер неколку часа пред да почнете со десертот. Ставете ги стапчињата на јаболката, така што ќе бидат како дршки. Наредете ги јаболката во еден сад, а во разни плитки садови ставете ги додатоците за украсување, како кикиритки и чоколадни трошки. Во тенџере ставете ги карамелата и хоплата и оставете го на тивок оган додека не се растопи карамелата. Оставете ја смесата околу 5 минути да се излади, за карамелата подобро да се залепи за јаболката. Држејќи ги јаболката за стапчето, потопете ги во смесата со карамела и хопла и разлејте ја низ целото јаболко. Веднаш потоа, додека карамелата е уште топла, додајте ги и кикиритките, чоколадните трошки или какви било додатоци по желба. Наредете ги јаболката во сад обложен со хартија за печење, а потоа оставете ги да се стврднат. Вака приготвените јаболка можете да ги чувате во фрижидер и до две недели.
Време на подготовка од: 20
Време на подготовка до: 30
Број на лица: 4
Kомплицираност: 2
7 мали јаболка
3 лажици блага хопла
Дрвени стапчиња (можете да употребите и од оние за ражничи)
400g карамела
Кикиритки, чоколадни трошки, ореви, кокос за декорација (по желба)
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...